На пејачката Сани и се исполни најголемата желба – заминува кај македонската дијаспора преку океанот

  • By klaster3
  • мај 25, 2022
  • 0
  • 519 Views

Сања Гроздановска или популарната Сани важи за еден од најдобрите македонски забавувачи кога се фолк пејачките во прашање.

За познатата и згодна македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје.

Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.

Македонската фолк пејачка во август 2018 година го кажа судбоносното ,,ДА” и влезе во брачните води со бодибилдерот Мартин Гроздановски.

Но набргу потоа тие според сознанијата на ,,Бекстејџ” се развеле, од првиот брак Сања има ќерка а сега и од вториот брак уште една.

Пејачката отворено кажа во каква ситуација се наоѓа: Предност што млад стапуваш во брак е тоа што јас имам време уште пет пати да се мажам.

– Нешто што не оди подобро да се прекине додека е време или како што велат подобро е да спречиш отколку да лечиш. Јас сум од тие што не сакат да пијат лекови па спречив на време вели Сани за веќе вториот брак зад нејзе.

Сани е доста ангажирана во изминатиов период, а тоа може да се види од нејзините објави на социјалните мрежи. Често е активна на Фејсбук и Инстаграм каде редовно споделува детали за своите настапи, но и фотографии од приватниот живот.

Скоро се поднови со нов автомобил од марката Мерцедес Ц200 бела боја чија пазарна цена е околу 20.000 евра за што се пофали на Фејсбук и напиша: Со здравје да си ја возам.

По потекло од Куманово, од пред извесен период е преселена во Скопје, каде купила стан, вели дека со напорна работа и јасна амбиција, се може да се постигне во животот.

„Започнав да заработувам сама, од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама. Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд“, изјави во интервјуто за Фокус.мк и додаде:

Сакам на сите девојки да им порачам никогаш да не чекаат ништо од било кого, туку да бидат самостојни. Нема цена задоволството кога сам одлучуваш што ќе правиш со твоите пари, кога не зависиш од никого и кога не треба никому да се правдаш за своите одлуки.

Сега сум најсилна во цел мој живот и ќе газам со нови песни и турнеи. Ги заборавив двата брака и веќе се спремам за трет, вели низ смеа познатата фолкерка.

Во едно интервју на крајот на минатата година си ја откри најголемата желба за новата година: Имам многу желби за 2022 година, но најголемата ми е да заминам на некоја турнеја или Америка или Австралија, и јас малку да прошетам.

Очигледно е дека желбата веќе и се исполнува затоа што на социјалните мрежи Сани си сподели фотки од закажаната турнеја низ Австралија.

Имено, почнувајќи од 17ти јуни до 1ви јули пејачката, заедно со уште неколку музичари, ќе ја забавува македонската дијаспора во Квинбијан, Сиднеј, Кампбелфилд во неколку клубови и сали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *