Тони Михајловски не можеше да ја премолче сторијата за Марианчо од Прилеп, па се огласи

  • By admin
  • мај 25, 2022
  • 0
  • 379 Views

Од пред неколку дена Марианчо Костовски од Прилеп, кој со својот говор од некогашен Идолг и настап ги насмеја сите и стана доста популарен во јавноста, повторно е актуелне.

Но за жал од тогаш до сега неговиот живот многу се променил, тој е доведен со еден збор до просјачки стап, а неговиот познаник Даниел Кочоски преку социјалните мрежи отворено зборуваше за се што доживува Марјачно и побара помош.

,, Марианчо Костовски е суперхе рој од Прилеп-познат по видеото од Идол. Идол мој со кој седам секоја вечер пред домот за култура Марко Цепенков и пијам пиво.

Лик со големо срце и душа. Државата има кренато раце од него има преголем долг во ЕВН, нема струја, нема вода, нема греење, нема кров, нема роднини, нема родители, нема ништо и покрај тие сите нечоечки услови тој е позитивен со сите прилепчани.

Има приход од Тобако со делење на лото. Има храна од сите угостители во цела чаршија. Секоја чест за нив !!! Има социјална помош од 5000ден.

Која му ја укинуваат доколку се согласи да живее во домот за старци и мора од 21:30 да се прибере таму. Мацио не сака да ги изгуби тие 5000ден и не сака да биди условуван во колку часот да се прибира таму.

Мацио е млад и сака да живее нормално! Мацио одбива да седи таму и порај неколку иницијативи од прилепчани кои сакале да му помогнат за да го вдомат таму.

Мацио е златен чоек на кој мора да му помогнеме. Помош се бара само од стабилен претприемач кој можи да му обезбеди соба и работа. Вреден е, сите го знајме чоеков.

Доколку има чоечки услови за живот тој можи да ја одржува хигиената и нормално(со малце помош) да функционира перфектно.

Во градов мислам дека има стабилни претприемачи кои би му помогнале. Ги замолувам претприемачиве со големи фирми да му помогнат!

За чоечки живот зборувам на долг период! Мациов че си работи кај вас поштено, само дајте му минимална плата и чоечки услови за живот.

Кој сфати, сфати! Добротворни донации не се добрдеојдени. Добредојдени се само доби работодавци кои можат да му помогнат. Поздрав! За чоек прајме муабет, стои во објавата на фејсбук на Даниел Кочоски

Оваа сторија допре и до нашиот актер и водител Тони Михајловски Шанац кој тогаш беше токму дел од жирито:

Марианчо. Душа од дете а сега веќе човек со уште потежок товар на својот грб од оној кој го добива со своето раѓање. Не сум го запознал лично. Само преку видео снимка.

На аудициите за “Македонски Идол” кој се емитуваше на, за жал затворената, А1 Телевизија, не присуствував а мислам дека не беа ниту Џамбаз и Калиопи. Снимките ни ги пуштаа во студио а ние ги коментиравме како да се случуваат во живо.

Некои се паметат а некои не. Таа на Марианчо се запамети и најголемата заслуга за тоа е на Марианчо.

Најверојатно неговата чиста душа и безгранична искреност ја препознале и други па го погледнале и го запаметиле. Државата кренала раце од Марианчо. Државата крена раце и од Државата. Је беш таква држава.

Ама сигурен сум дека градот Прилеп не се откажал од Марианчо и дека во Прилеп има некој кој може и сака да му помогне на Марианчо, а тој бара само работа и кров над глава. Не милостина и донација.

Можам да наведам барем десет од Бога дадени причини зошто треба да му се помогне на Марианчо, но немам никаква реална моќ како да му помогнам. Ама сигурен сум дека Прилеп може.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *