Младата Маја од Струга преку земјоделие до успешен бизнис и во време на корона: Го работам со љубов

  • By admin
  • април 7, 2021
  • 0
  • 8634 Views

Маја и нејзиното семејство во моментот се насочени кон производство на органски сокови, а таа е задолжена за продажбата на производите. Таа е позитивен пример, на развој на сопствениот бизнис и во време кога поради пандемијата со вирусот многу бизниси предводени од жени згаснаа.

Со само триесет години, Маја Милошевска од Струга, успешно раководи со семеен бизнис. Се започнало пред десет години, кога на површина од шест хектари почнале да одгледуваат аронија, за да од неодамна го прошират бизнисот и со насади од боровинка.

Истите се наоѓаат во близината на селото Враништа, струшко, каде плодната почва, дава резултати.

„Почнавме со 17.000 садници на аронија. Со тоа што на почетокот имаше помал род, а како што понатаму се зголемува родот и сега се уште сме на тоа ниво, со тоа што се проширивме со боровница. Оваа година имавме 17 тони аронија“, вели Маја Милошевска, сопственичка на бизнис за производство на органски производи.

Во моментот се насочени кон производство на органски сокови, а Маја е задолжена за продажбата на производите. Таа е позитивен пример, на развој на сопствениот бизнис и во време кога поради пандемијата со Ковид 19, многу бизниси предводени од жени згаснаа.

„Ковид кри зата според статистичките податоци намалила околу 1000 субјекти кои што се раководени од жени. Се намалува обемот на работа и речиси е сведен на минимум обемот на работа.

И оние компании кои се уште не згаснале, повеќето размислваат како да стигнат до плата, ако не се сувбенциите од државата или евентуално да ја затворат компанијата“, коментира Валентина Дисоска, Здружение на бизнис – жени.

Дисоска вели дека она што ќе биде неопходно во иднина е државна помош за реструктуирање на компаниите или пронаоѓање на нови дејности со кои ќе можат да се занимаваат.

Но, Маја ништо не ја обесхрабрува. Ниту пандемијата, ниту пак, постојаните предизвици со кои се соочува.

Нас ни е во прилог, тоа што произведуваме здрава храна. Тоа е нашата предност, која ја искористуваме за време на пандемијата“, вели Маја Милошевска, сопственичка на бизнис за производство на органски производи.

За успех вели е потребно да се направи баланс помеѓу приватниот живот, и она што го работиш. Ја радува што се повеќе жени се одлучуваат да отпочнат некаков бизнис.

„Ако го работиш со љубов, секогаш можеш да најдеш време и да се организираш добро. Особено во земјоделието почнуваат да се ангажираат, со тоа што органското производство станува се популарно и во Македонија“, вели Маја Милошевска, сопственичка на бизнис.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Гласот на америка на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *