Познат македонски музичар го напушти овој свет – имаше само 38 години: Колегите се простуваат

  • By admin
  • април 7, 2021
  • 0
  • 8154 Views

За жал секојдневно сме сведоци на не пријатни информации и згаснување на човеки живот, особено на помлади лица.

Една таква информација пристигна и денес, а истата за жал говори дека повеќе помеѓу живити не е познатиот македонски музичар Денис Демиров.

Естрадата и блиски пријатели денес на социјалните мрежи во неверување се простуваат со музичарот Денис Демиров од Скопје. Тој долги години наназад беше гитарист во групата ,,Газоза бенд” а поч инал утринава, на свои 38 години, пренесува Фокус.

Веста за неговото заминување ја потврди и неговиот колега Џамбо Агушев, кој вели дека според првичните информации кои ги добил, Демиров поч инал дома, во сон. Имал проблеми со шеќерот и висок кр вен притисок.

„За жал денес изгубивме еден предобар човек и голем музичар, брат и колега наш. Прерано не остави“, напиша Агушев на својот профил на фејсбук

Поради неговата прерана заминување по повод 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите, од тимот на Рома Прес информираат дека сите денешни активности, емисии во живо, теренски известувања и планирани дебатни трибини поврзани со одбележувањето на Денот на Ромите ќе бидат одложени за утре.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *