Митко Јанчев повторно со великодушен потег – ќе дели нова парична помош за своите сограѓани

  • By klaster3
  • септември 16, 2022
  • 0
  • 279 Views

Стопанственикот и актуелен  градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, е докажан и покажан како успешен бизнисмен, политичар и хуманист и секогаш знае да биде актуелен за јавноста.

Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија.

Функцијата управител ја превзема на 23 годишна возраст, по заминувањето од овој свет на неговиот татко кој беше основач на компанијата Кожувчанка.

Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Јанчев е познат по својата хуманост и бо рба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството.

Неодамна, во пресрет на настанот Тиквешки гроздобер првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев на својот профил на фејсбук се огласи и порача:

По иницијатива на градоначалникот, во деновите за Тиквешкиот гроздобер, петок, сабота и недела, на пунктовите поставени на трите бесплатни влеза во градот, сите гости освен упатства и насоки за паркирање, во знак на добредојде ќе добијат и по едно пакетче со асталско бело и црно грозје, донација од Кав Комерц Кавадарци.

Пакетчињата со грбот на Општина Кавадарци и логото на Тиквешкиот Гроздобер, се изработени во печатницата Гинис од Прилеп.

Денес, тој повторно ја покажа својата хумана страна и грижата спрема граѓаните на општина Кавадарци, па сподели убава вест на почетокот на учебната година:

Секое запишано прваче во Општина Кавадарци, за учебната 2022 – 2023 година, ќе добие по 2000 денари за среќна и успешна учебна година.

Со оваа одлука на Советот на Општина Кавадарци која за прв пат е донесена кај нас, еден од родителите на вкупно 356 првачиња од нашата општина, во понеделник ќе добие парични средства во износ од 2000 денари. Првачиња, среќно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *