Во чест на на Тоше Проески – неговиот пријател Стерули најави што ќе се случува на 5-ти октомври во Крушево

  • By admin
  • септември 16, 2022
  • 0
  • 197 Views

Иако веќе со години физички не е помеѓу нас, Тодор Тоше Проески и понатаму живее во нашите срца, а неговите песни се вртат и непрекинато се слушаат.

Беше еден од најзпонатите македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.

Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик.

Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Јестурдеј од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998), а се понатаму е историја.

Меѓу другото во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Стерули Штерјоски, пријател од Тоше Проески од детството на својот профил на фејсбук денес сподели:

Се сеќавате на 5ти октомври 2007. Голем концертен спектакл нашиот Тоше приреди на градскиот стадион во Скопје. Незаборавен концерт и за жал последен.

На овој 5ти октомври се навршуваат 15 та жни и тешки години без Тоше. Но неговата спомен куќа, сите негови фанови и неговите пријатели – музичари на 5ти октомври ќе организираме и реализираме настан во негова чест ” Со љубов за Тоше”.

Настанот финансиски го покрива Министерството за култура на република северна Македонија и Н.У. Спомен куќа на Тоше Проески.

Голем број домашни и балкански музички имиња и пријатели на Тоше ќе ги пеат неговите незаборавни, вонвременски хитови.

Тајно моја, Сонце во твојте руси коси, Чија си, Игри без граници, Још увек сањам да смо заједно, Икони моја, Вежи ме за себе, Срце није камен… Дојдете да ги испееме заедно “Со љубов за Тоше”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *