Милорад и неговата ќерка Александара се заборавени од сите: Овде ни добиток не би седел а камоли ние

  • By klaster2
  • јануари 29, 2022
  • 0
  • 573 Views

Милорад Јовиќ (64) и неговата ќерка Александра (20) живеат на работ на егзистенција во селото Ушевце. Александра има две деца, првото дете е со татко и, а второто е земено од згрижувачко семејство.

Ова семејство одамна се нема насмевнато, та гата е нивно секојдневие, живеат од денес за утре бидејќи како што велат немаат за повеќе.

„До пред три месеци куќата беше полна, се омажија две ќерки, сопругата ми замина во вечност пред еден месец, внуката се омажи на 16 години, а ние останавме сами, приватно работам кога некој ќе ми се јави.

,, Ме викаат некаде да цепам и да пренесувам дрва, одам и градежно помагам некаде, но сето тоа се сведува на неколку пати што не е доволно.

,, Немам никакви примања дали социјално или некој додаток едноставно сме заборавени од држават како да не постоиме, вели Милорад.

,, Погледнете во какви услови живееме, овде не би живеел ни добиток а камоли ние. Се трудам да допринесам за домот но онолку колку ми дозволува здравјето.

,, Сестра ми се вдоми а моето дете е кај неговиот татко, татко е премногу за тој човек, тој не го заслужува тоа вели Александра.

,, Сакав да се школувам и да напредувам но за жал финансиски не моите не можеа да ме помогнат па така останав овде со нив.

Големата хуманитарка Тамара Мисирлиќ го посети ова семејство го ислуша и ја поршири нивната приказна во јавноста со цел барем малку да им се подобри животот.

Да имаат минимални услови за живот, една бања каде што можат нормално да се искапат, и редовен оброк а со тоа насмевка на нивните лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *