Кире Лазаров за Талески: По само 10 минути ми кажа ,,Кире јас не можам”

  • By klaster2
  • јануари 29, 2022
  • 0
  • 426 Views

Уште едно Европско ракометно првенство е позади нас на кое учествуваше македонската ракометна машка репрезентација. Одигравме три натпревари во кој забележавме три порази.

Самата завршница на истото е при својот крај а ние овој настап го завршивме со еден од најлошите пласмани на првенствата односно 22 од 24 репрезентациии.

Момците беа предводени од нашиот најдобар ракомета Кирил Лазаров кој за жал не можеше да им помогне на теренот. Овој пат тој беше гостин во емисијата ,,Г- Карпет” каде отворено зборуваше за првенството, неговиот приватен живот, како и за потфрлувањата и големит негативни коментари упатени кон нив.

– Ова првенство само по себе беше предизвик, ситуациите се менуваа од ден на ден а ние едноставно немавме среќа, не сакам тоа да биде алиби но морам да го споменам.

– Добро знаевме дека поради повреда немавме неколку стандарни играчи, тука ги немавме и позитвните. Можам да го кажам овде еден Столе Стоилов кој на теренот има реноме и искуство. Да беше тој немаше Црногорците толку дрс ко да се оденсуваат.

– Овде ќе ги набројам и тие што одбија да се вакцинираат а со самото тоа и не можеа да настапат на првенството. И Кире Лазаров како играч не можеше да му помогне на Кире како селектор, вели низ смеа Лазаров.

– Не се согласувам дека потфрливме, со Словенија париравме и одигравме добро се до самиот финиш каде загубивме во самиот финиш.

– Велат Црна Гора бил клучниот натпревар но нема да се сложам, со нив игравме добор, но промашиве осум чисти изработени ситуации, ете едноставно немате среќа.

– Дури и последниот натпревар со Данска и реков на играчите дека нема што да изгубиме и да дадеме максимум и да се надигруваме. Така и беше и влеговме во натпреварот растоварени.

– Јавноста фрла со дрва и камења по Филип Талески, да јасно е дека тој има проблем со самодовербата едноставно се бло кира во тој момент.

– Ние работиме и на психички план, затоа и ангажиравме и психолог во пресрет на Европското тоа е битен сегмент, и на мене ми се случува дури и сега во некој акции да застанеш и да згрешиш.

– Под при тисок си што и како ќе направиш, што ќе кажат и слично. Талески на првиот натпревар одигра одлично со Словенија.

– Но веќе на вториот падна. Ќе изиграте пет натпревари добро и се ќе биде како што треба но тој шестиот лошо и веднаш со негативните коментари, ете такви сме ние.

– На натпреварот против селекцијата на Црна Гора, Талевски по само 10 минути игра дојде и ми рече ,,Кире јас не можам”. И тоа против Црна Гора во која немаше силно темпо.

– Едноставно психички паднете и самодовербата вие на ниско ниво но мора веднаш да се опоравите од тоа. Кај нас плукаат по нашите играчи.

– Но кога странците играат во Вардар, Пелистер и Металург дури и кога играат лошо, се е под конторлоа а кога играат добор тогаш тие се најдобри играчи на свет.

– Често овде клубовите и се попатни станици за понатаму во кариерите. А нашите ракометари во втор план, па јас ако не игра добор како странец во мојот клуб, веднаш ќе ми биде покажан патот кон дома но тука е поразлично…

– Гледам сите го испофалија младиот Марко Митев, изиграл многу добро, а со тоа го кренаа во облаци, јас сум сигурен да игравме уште еден натпревар дека тој ќе потфрлеше бидејќи беше ,,високо горе”

– Знам на моменти да се ра зочарам, но тоа трае кратко, веднаш наоѓам мотив за да се кренам високо, не се ка ам за ниту одлуките во мојот живот.

– Можеби би сменил само тоа да имав повеќе храброст да отидам во други држави во помладите години, бидејќи реално јас созреав на 28,29 години.

– Не можат сите да ве сакаат, дури не е ни убаво тоа, со многумина не живеам и не комуницирам, јас трпам но кога ќе се помине таа граница е тогаш навистина е завршено.

– Ние имаме одлична публика, можеби најдобрата, по натпреварот со Црна Гора тие ни аплаудираа и пееја песни, и по 15 минути мене ми беше сра м да се завртам и да отидам во соблекувална, а требаше не чекаа на прес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *