Менче Точи со предлог за да им се олесни живото на семејството на Верица

  • By admin
  • април 17, 2021
  • 0
  • 2649 Views

Социјалните мрежи и безмалку цела јавнос денес е преокупирана со трансплантацијата на органи од младата Верица од Берово која спаси неколку млади животи.

-Нашата половина отиде, нека живеат други луѓе благодарение на Верче, таа би го сакала тоа. Размислуваме, доколку ситуацијата беше спротивна, доколку на Верче некој требаше да и донира орган, како нам би ни било, кажа братот.

Тимот на Клиниката за кадиохирургија воден од д-р Сашко Јовев се поклони пред телото на 20 годишната Верица Белчовска од беровско Русиново.

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишното момче Илија Стрезовски од Брвеница зачука ново, срцето на Белчовска.

Една од водечките новинарки за здравсвот во нашата држава, Менче Точи вечерва се огласи на својот профил на фејсбук каде напиша:

Повеќе сега ќе значи поддршката до семејството на Верица, отколку да ставаме профилни на фејсбук. Во таг ата никој не може да им помогне, но да им се олесни животот може.

Колку што слушам се преселиле од Берово во Струмица за да најдат работа, а живеат под кирија. Таткото не нашол работа, мајката работи во маркет, а другата ќерка во кл адилница.

Им треба да почувствуваат дека и оваа држава се грижи за нив. Им треба сериозна работа! Не само заради нивната неверојатна хуманост, туку и заради свеста која ја разбудија кај јавноста.

Ниту една кампања не може да го постигне тоа! Во оваа држава не е проблем да се изврши трансплантација, проблем е што нема органи. Затоа повеќе од “длабок наклон”и профилни на фејсбук, потребна им е оваа поддршка од државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *