(ФОТО) Жан Митрев го посети утрово младиот Иле кој и откри во каква состојба е

  • By admin
  • април 18, 2021
  • 0
  • 10188 Views

Како што е познато во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишното момче Илија Стрезовски од Брвеница зачука ново, срцето на Белчовска.

Ова беше втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Еден од најпознатите македонски кардиологози Жан Митрев кој беше еден од членовите на тимот кој вечерта помеѓу петок и сабота го трансплантираа срцето на 20-годишниот донор Верица Белчовска го посети 20-годишниот Иле.

Митрев нформираше дека 20-годишниот Илија Стрезовски од Брвеница на кого му беше трансплантиран органот за да му биде продолжен животот е во стабилна состојба.

– Бевме во посета на 22 годишното момче кое вчера доби нова шанса за живот. Тој е во одлична состојба за што говорат и насмевките на докторите.

Горди сме на постигнатото по успешната трансплантација. Благодариме на сите вас за поддршката и убавите зборови, објави Митрев, кој беше во посета заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

Откако решија да ги донираат органите на својата ќерка не стивнуваат позитивните реакции за огромниот чин на хуманост до семејството од беровското село Русиново, за кои единствената утеха покрај огромната загу ба, е тоа што нејзиниот живот ќе продолжи преку животот на пациентите кои ќе ги примат нејзините органи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *