Марија од Кочани по 18 години се врати од Италија и се фати за воланот: Вози голема машина

  • By klaster2
  • јануари 2, 2022
  • 0
  • 590 Views

Возењето камиони и тешки товарни возила ја знаеме како работа која воглавно ја работат мажи, но има и исклучоци и примери за жени возачи на камиони.

Една од нив е Марија Петрова од Кочани има 35 години, својата а својата интернационална кариера ја започнала како матурантка

– Во Италија работев во шпедиција, од мојата 17 година се преселив таму и работев долги години, овде се вратив пред околиу една година.

– Таму голем период минав во Верона, а во последните неколку години бев во една провинција во Болцано. Зборувам одлично италијански, а добро се снаоѓам и со германски и англиски.

– Сега дојдов овде и работав во фирма за рециклирање. Фирмата се занимава со рециклажа на отпаден материјал. Материјал како картон, пластика и слично.

– Гледаме да го издовиме тој рециклирачки отпад од останатиот отпад а со тоа да придонесеме за поздрава животна средина, вели Петрова.

– Овде во фирмата јас сум тим- лидер, ги организирам работите а воедно сум и шофер. Сопственикот на фирмата е жена па тоа ми беше додатна инспирација.

– Па да бидеме реални не е секојдневие ова да го работи женско, кога ќе ме видат некој наидуваат со ентузијазам, некој се скептици.

– Секој различно го сфаќа ова што го работам, но јас карактерно сум многу бор бена во овој дел, вели Марија пред камерите на ,,Зевзекманија”

Марија заедно со своите колеги оди во училиштата и ги едуцира децата да не фрлаат отпад и да го рециклираат и да не ја загадуваат средината во која живеат.

Исто така Марија е и волонтер во ,,Доброволното Противпожарно Друштво” и оди и помага на пожарникарите кога е најпотребно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.