Теа Таировиќ долго ќе ја памети Македонија по изминатите три дена

  • By admin
  • јануари 2, 2022
  • 0
  • 425 Views

Српската пејачка Теа Таировиќ со нејзините хитови, но и изглед ги освои симпаатиите на македонската публика во веќе минатата, 2021 година.

Теа беше чест гостини изминатата година во локалите ширум Македонија, а така беше и во финишот на старата и почетоко на новата година.

Пејачката Теа Таировиќ откако зачекори на сцената на „Гранд“ продукција како дел од „Ѕвездите на Гранд“, се смета за една од најзгодните пејачки во Србија.

Пејачката на сцената е присутна релативно краток период, односно околу пет-шест години, а популарноста нагло и порасна по објавата на видео записи на кои добива огромни бакшиши.

Освен по добивањето на големи бакшиши на сцената, позната е и по своите жешки настапи.

Околу 5.000 евра за рефрен, 14.000 евра бакшиш на свадба, и многу слични наслови пропратени со видео снимки на кои Таировиќ е опсипана со евра и долари, редовно се објавуваат во медиумите во соседството.

Сопственици на клубови во земјава каде гостувала, потврдуваат дека влезниците за Таировиќ се продаваат додека да трепнеш, со што и е оправдан епитетот дека е една од најбараните на Балканот.

Иако се чести јавните дискусии дека турбо фолкот е неквалитетна музика препознатлива како кич, сепак побарувачката за Таировиќ и низа на други пејачки со слични репертоари покажува дека голем дел од нашиот народ, и покрај се, ужива во нивните настапи и не жали да плати за да ги слуша и гледа овие изведувачки.

Познатата пејачка Теа Таировиќ 2021 година ја испраќа задоволна со своите професионални обврски, со оглед на тоа дека нејзиниот хит „Хајде“ и донесе бројни свирки и сериозно „полнење“ на банковната сметка“.

– Менаџерот често ме критикува, сака да пол уди кога ќе му кажам дека парите не ми се важни. Јас оваа работа ја правам од љубов, но и за слава, а не поради пари. Мене ме „пали“ успех, така да јас не бројам пари, изјави Теа во една прилика.

Изминатите три дена Таировиќ беше на мини турнеа низ Македонија. Имено на 30-ти гостуваше во клуб во Виница. Потоа следната вечер, онаа новогодишна пееше во Скопје, а синоќа пак беше во Струмица.

Со оглед на тоа што е една од најплатените пејачки во регионот, а ако се земе предвид дека за овие термини цената оди уште повисоко, тогаш претпоставка е дека и тоа како добро се офајдила финансики пејачката од Македонија во изминатите три дена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *