Македонци во Швајцарија со стил ќе го прослават празникот Богородица – во најава забава за паметење

  • By admin
  • август 11, 2022
  • 0
  • 278 Views

Општо познато е дека голем број Македонци живеат и работат во Швајцарија, држава коај и тоа како нуди можности како никоја друга во Европа.

Според пописот во 2009 година во Швајцарија, Македонците сочинуваат 61.300 жители. Најмногу ги има во поголемите градови, односно Берн, Цирих, Базел итн.

Сепак сегашната бројка, онаа реалната е многу поголема и се смета дека има над 100.000 Македонци кои живеат и работат во Швајцарија.

За полесно функционирање, но и за задржување на традицијата и обичаите има неколку македонски друштва кои функционираат во Швајцарија.

Традиционално летото е период кога многу наши иселеници, вклучувајќи ги и они од Швајцарија кои си доаѓаат во родните места.

Но има и они кои сепак не доаѓаа и одморот го користат во друг период од годината, па токму за нив ќе има забава за големиот христијански празник Богородица.

Православните христијани го слават Успението на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Ова е значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и прот естантите.

Овој ден се празнува на 28-ти август по стариот календар, или 15-ти август по новиот календар.

Токму на 28-август ширум Македонија на многу манастири се одбележува со големи прослави, а исто така и на многу плоштади се организираат културно уметнички програми.

Овој значаен празник со години наназад се слави и во нашата дијаспора, а така ќе биде случајот и годинава во Швајцарија.

Имено во Винкелриед на 27.08.2022 по повод Христијанскиот празник Богородица ќе има музички настан со забава на кој ќе настапат пејачката Сања Цинцева, Павле Витанов, Живко Динев и Дали Бенд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *