Зоран: Се иселувале младите, па како нема да се иселуваат, ќерка ми замина сега и синот е на пат

  • By klaster3
  • август 11, 2022
  • 0
  • 366 Views

Македонија веќе одамна стана земја од која масовно се иселуваат како помладите така и постарите, а причини за тоа има неброено многу.

До редакцијата на Кластер.мк пристигна порака од наш читател кој итекако е исфру стриран од состојбата во која се наоѓа државата, па сака да си ги искаже ма ките. Текстот на Зоран К. го пренесуваме во продолжение:

„Ако почнам да раскажувам за се она низ коешто сум поминал во животот во Македонија, но и надвор од неа, нема да ми ја собере пораката.

Па, луѓе дали ова го има некаде во друга земја? Кажете ми дали постои барем уште една земја во која се што е свое на некој начин се отфрла од дома?

 

Нели е срамо та нашата младина, нашите потомци кои треба да продолжат овде да ја градат иднината и да помогнат да опстои Македонија, да размислуваат само за тоа каде ќе работат во западните веропски земји?

До каде ли ја донесовме државата што младите воопшто не сакаат да размислуваат за работа тука? Многу ми е кр иво да ви кажам затоа што и на своја кожа го почувствував овој проблем и уште не можам да се помирам.

Ќе се иселувале младите, епа како нема да се иселуваат кога кај нас уште важи правилото – ако вујко ти е владика,ти ќе си поп.

Јас сум човек со душа, имам две деца – синот е малолетен и живее со мене, а ќерката веќе 4 години како е фатена странство. Заврши факултет и ми рече тато, ќе бег ам во Германија, за мене тука нема работа.

Ја убедувавме да почека можеби нешто ќе најде по струка, но не, вели тато јас ќе одам знаеш дека се е со врски кај нас, нема шанси да успеам. А кога веќе и тука би била келнер, подобро во странство за поголема плата.

Ете, се пла шам дека истото тоа ме чека пак, сега и синот е на пат. Свесни сме на кое ниво ни е дојдено образованието што не ме ни чуди да ми побара да студира надвор од земјава.

Знам дека кај нас се е џабе, кој нема луѓе на високи позиции како нас и како многу други семејства, мора да си ги пушта децата да работат од утро до мрак.

Но, кога ќе размислам подобро и споредам како ние можевме да живееме порано во времето на Југославија и како сега се при нудени децата да живеат, со драго срце би ги пуштил.

Да имам можности и јас би се иселил одовде, но немам. Мора да си останам дома и да тргам крај со крај колку за основните работи, а за друго ни не помислувам“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *