Кристијан: Јас го хранам брат ми, се грижам за него, сакам да оздрави

  • By klaster2
  • мај 9, 2022
  • 0
  • 563 Views

Маја Стеваноска е млада мајка од Прилеп на дванаесет годишните близначиња Михаел и Кристијан. Поради предвременото породување, тие ќе бидат во инкубатор.

Помалку среќа ќе има Михаел кој ќе доживее слепило на едното око, церебрална пара лиза на левата страна и застој во растот и развојот зад своето братче.

Денес Михаел е пред нов предизвик. Дијагно стициран му е ту мор на мозокот за чиј зафат неговите родители немаат средства. А, немаат повеќе средства ниту за на лекар, ниту за прегледи, ниту за лекови…

Не среќните случаи со децата и сите патешествија ќе резултираат и со здраствени проблеми и на младата 35- годишна мајка Маја.

– Михаел веднаш по породувањето моравме да го носиме на зафат во Белград кој чинеше 2.500 евра и некако смогнавме сили и заминавме да му го спасиме барем едното око, вели мајката Маја.

Михаел повеќе ги посетува болниците отколку училиштата, и звукот на играчките е заменет со звукот на болничките инструменти.

– Кристијан ќе му помогне на брат му, ќе го нахрани или облече, си игра со него и прави се за да и тој се чуствува рамноправен и среќен.

– Михаел се уште не знае да чита и да пишува, многу тешко му оди, не може да оди на училиште, му смета врева и вико тници.

– Многу ми е тешко за Михаел, стегната ми е душата, барам лек за него, знам дека има хумани граѓани, и дека можеме да го исправиме детето на прав пат.

– Понекогаш му недостигам и на моето друго чедо и неможам да му посветам доволно време па ми вели ,, Мамо дојди гушни ме” вели Маја пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Во училиште јас се грижам за брат ми, секогаш гледаме да се тргнеме од метежот, прво му давам на него да јаде, па после јас јадам, вели Кристијан.

– Не знам себе ли да се гледам, дали сопственото дете, и мојата здраствена ситауција е многу лоша и не знам што да очекувам, вели разо чарано оваа храбра мајка.

Ситуацијата на детето ќе ја принуди Маја да напушти од работа, па тие живеат од платата на сопругот, но кога ќе се земат во предвид кириите, лековите кои месечно чинат и над 10.000 денари доаѓаат во ситуација да немаат ниту за прехрана.

Доколку сакате да му помогнете на малиот Михаел да застане на нозе и да оди по правиот пат тоа може да го сторите на телефонскиот број 078 204 183 или на жиро сметката 300027087653847 Комерцијална банка или на девизната сметка 02-307-0282608-5

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *