Баба Милка со 76 години е последниот молер во околината, саатницата и е мала, но затоа е резервирана на долг период

  • By klaster2
  • мај 9, 2022
  • 0
  • 318 Views

Баба Милка Терез, од селото Светозар Милетиќ кај Сомбор, е последниот молер во селото и околијата. Иако има 76 години, работи со љубов, а резервациите и се пополнуваат неколку недели однапред.

Во секоја куќа во селото Светозар Милетиќ, каде што има бојадисано ѕид се знае дека е направена од баба Милка или мајстор Терез како што ја нарекуваат.

Иако е во втората половина од осмата деценија, оваа вредна жена оди на работа секој ден освен недела. Со едната рака ги поместува скалите.

Со едната рака го вади валјакот и бојадисува а со другата ја придружува кофата со поликолор или со други соодветни бои.

– На скалите одам нагоре- надолу и тоа многу пати во текот на денот, но сепак си ја сакам работата и го обожува молерисувањето, вели Терез за ,,Ртс.рс”

Занаетот го научила од роднина. Својата куќа ја префарбала неколку пати, додека не била задоволна од резултатот. Има работа, телефонот ѕвони, па е зафатена неколку недели однапред.

– Имам 300 динари на час. Пауза правам само кога пијам кафе и тоа не е многу долга. Но има секакви луѓе – додава Терез.

Таа вели дека никој нема да го научи овој занает допрва. Меѓутоа, со мала пензија што и ја оставил нејзиниот по коен сопруг, таа со ова работа си го дополнува буџетот.

– Имам една скала, моја е. Понекогаш ја носам на рамо или ја возам на велосипед. Не сум некоја што ќе порачувам автомобили да доаѓаат по мене.

По завршувањето на утринската смена, баба Милка се качува на велосипед, оди да готви ручек и го суредува домаќинството, а потоа повторно оди на работа во попладневната смена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *