Кристијан од Германија: Каква е оваа работа тука, арно си бев келнер во Македонија

  • By klaster3
  • јуни 8, 2022
  • 0
  • 411 Views

Општо познат факт е дека македонското население постојано излез од сиромаштијата и тешкиот живот го бара надвор од границите на земјава.

Се повеќе младо работоспособно население заминува на печалба во земји како Германија, Швајцарија, Италија, Шведска, а се помасовно периодов е заминувањето и во Хрватска.

Сите се во потрага по подобар живот, поголеми плати, но и поголема почит од страна на работодавците. До редакцијата на Кластер.мк стигна писмо од млад иселеник кој пред извесен период заминал во Германија да работи и ни ја раскажува неговата приказна.

„Се викам Кристијан, имам 25 години и како и многу други мои пријатели и колеги некако се решив да заминам од Македонија и да се обидам да работам во странство.

Откако го завршив факултетот не најдов работа на струка, па веднаш почнав да работам во едно кафуле како шанкер. Требаше да биде привремено само за време на летото, арно ама си останав.

Подолго време работев како шанкер, а после тоа и како келнер. Ја научив работата, не беше на некое баш фреквентно место и ми беше полабава работата.

Слушнав дека во еден ресторан за келнер давале дупло поголема плата и се префрлив таму. Сега стварно се скинав од работа, ама барем добро ме плаќаа.

Арно ама скоро цело мое друштво аплицираше за виза во Германија, па по долго убедување и мене ме наговорија да заминам. Демек таму поубаво се живеело, нема сигурно цел живот да го минам во нашата земја кога имам прилика сега.

Не распределија да работиме во сендвичари – сите се погодивме на различни места, ама секако блиску до станот и не ни е никаков проблем тоа.

Ама на работата никако да се навикнам иако сум работел досега. Не можам да си го сфатам озбилно тоа дека треба да правам сендвичи, да бришам, да чистам, да изнесувам ѓубре.. кај нас сите си имаа посебна задача.

Ќе ми дадеа на послужавник и само си разнесував, а овде, сто души чекаат од мене да пржам компири. Добро е што уште ни шефот, ни оние постарите работници не ми викале зашто мислат уште сум неискусен, нов.

Не можам да издржам, ќе гледам да поработам дури ми дадат некој одмор или да ми истече визата и се враќам назад. Каква е оваа работа тука во Германија, како парите на патот да ги наоѓаат. Арно си бев келнер во Македонија и таму и ќе си се вратам“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *