(ФОТО) Зорица Заева повторно блесна во модна креација за мерак на прославата кај својот голем пријател

  • By klaster3
  • јуни 8, 2022
  • 0
  • 390 Views

Без сомнение, сопругата на поранешниот премиер Зоран Заев, Зорица, каде и да се појави го привлекува вниманието со својот префинет и младешки изглед.

Облечена секогаш во согласност со приликата, па покрај деловните и елегантни комбинации неретко може да ја видиме и во некој посмел стајлинг.

Иако беше препознатлива по нејзината густа црна коса и црвениот кармин, Заева пред извесно време направи огромна трансформација на изгледот со тоа што почна да ги следи трендовите и да ја осветлува косата.

На нејзиниот целокупен совршен изглед влијание имаше и драстичното слабеење така што сега што и да облече прекрасно и стои.

Во брак со екс-премиерот Зоран Заев е повеќе од 24 години, а се запознале уште како деца. Нивното познанство прераснало во љубов и во сериозна врска веќе во далечната 1995 година, при крајот нивното средното образование.

– Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Важеше за мирно и разбрано момче, она што е и денес – раскажа Зорица Заева пред неколку години.

Родители се на две деца – Александра и Душко. Александра е студент на медицина во Софија, а синот Душко сега заврши средно училиште, но заплива и во водите на бизнисот, откако како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија.

Колку што е познато, фамилијата Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.

Неодамна фамилијата Заеви заедно со пријателите славеше за завршувањето на училиштето и испраќањето на матурска прослава на нивниот син.

Многу близок пријател на семејството Заеви, поточно на женскиот дел од Заеви, е познатиот струмички фризер и мејк-ап артист Драган Гоцев-Даци кој долго време се грижи за изгледот на дамите.

„Се облекува така како што се чувствува, обожува исчистени линии, едноставна е“, рекол за Зорица нејзиниот стилист.

Стилистот Драган синоќа славеше роденден во познат ресторан во Струмица, а дел од гостите беа Зорица и нејзината ќерка Александра.

На инстаграм профилот Зорица сподели фотографија заедно со нејзиниот стилист упатувајќи му честитка по повод неговиот роденден. Зорица изгледа одлично во кремавото фустанче до над колена, со отворено деколте – вистинска дама во секоја смисла на зборот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *