Кичевчанец се врати од Швајцарија и отвори бизнис, па заработката ја подели со вработените

  • By admin
  • август 17, 2022
  • 0
  • 407 Views

Голем број Македонци со годините наназад, но и сега се одлучуваат да се иселат и среќата да си ја побарат во некоја странска земја.

Многумина се одлучуваат за западно европски држави како Швајцарија, а еден од нив е Кичевецот Кастриот Исени кој дојде во родното место за да инвестира.

Откако го отвори ресторанот на своите предци, по успешна сезона на свадби, одлучи својата заработка да не ја задржи за себе, туку да ја подели со студентите и учениците.

Дел од студентите и учениците кои ќе ги финансира Кастриот се дел од неговиот персонал со кој работел за време на летната сезона. Вели дека не инвестира во родното место за да се збогати, туку за да отвори нови работни места и за да им помогне на младите од земјава.

„Имавме над 40 работници, дел од нив беа работници и средношколци. Не дојдов да инвестирам во Кичево за да се збогатам еден месец и да си заминам.

Тоа беше моја одлука заедно со менаџерот на ресторанот, Наим Зенку. Одлучивме дел од буџетот од добивката на ресторанот да биде наменет за стипендии за студенти и средношколци“, вели Кастриот Исени за ТВ21.

Лиза која работела во ресторанот, исто така доби стипендија за образување. Вели дека е презадоволна и возбудена поради ваквиот потег на Кастриот.

„Во името на сите студенти и ученици кои беа ангажирани во ресторанот „Дарданија“, ви велам благодарам и многу сум му благодарна на целиот персонал на ресторанот, особено на сопственикот Кастриот Исени.

Не само за иницијативата за помош на учениците и студентите, туку и за искуството и можноста што ни ја укажа“, порача студентка.

Одвоени се 10 илјади евра за стипендии кои ќе се даваат во рок од една година, до следната сезона. Исени вели дека оние кои ќе добијат стипендија нема да бидат принудени да доаѓаат на работа и следната година, туку тоа го прави со цел да ги задржи младите во земјава.

Додава дека има и други планови за да им помогне на луѓето од неговото родно место.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *