Игор Џамбазов евоцираше спомени со наша позната пејачка: Прегрнати и занесени во музиката

  • By klaster3
  • март 28, 2022
  • 0
  • 388 Views

Игор Џамбазов, без сомнение еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.

Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.

Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто.Откако се активираше на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.

Игор Џамбазов голем дел од своето време освен во Скопје, го минува и во Дојран.

Воедно јавноста го гледа и на телевизија МРТ1 каде што секој викенд го води квизот на знаење „20 секунди“.

Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 100.0000, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства.

Понекогаш романтични фотографии со неговата сакана Илина, авантуристички во природа, слики со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии како онаа што се најде последна на неговиот профил.

Во последната објава на неговиот Инстаграм профил се потсети на одамнешните времиња кога заедно со еговата пријателка и колешка Каролина Гочева имале настап.

Под самата објава Каролина додаде дека фотографијата им е направена најверојатно на учество на Златна Бубамара во 2006та или 2007ма година.

Истата ја сподели на нејзиниот профил и појасни: Со Игор ко’ бевме мали!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *