(ВИДЕО) Артан Груби се качи во авионот на македонските фудбалери и имаше што да им порача

  • By admin
  • март 27, 2022
  • 0
  • 335 Views

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Порто каде ќе го игра историскиот натпревар против Португалија во рамки на баражот за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар.

Летот до португалскиот град траеше нешто околу три часа и 45 минути. Репрезентативците ги минаа пасошките контроли и веќе се упатија кон хотелот во којшто ќе бидат сместени, пред дуелот на „Драгао“.

Селекторот Благоја Милевски првиот тренинг ќе го има утревечер со почеток од 20:00 часот, што е и стандарден термин за една од екипите од страна на ФИФА и УЕФА за натпреварите кои се играат од 20:45 часот.

Македонија на патот до финалето ја совлада Италија (0-1), додека Португалија беше подобра од Турција (3-1).

Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски денеска на скопскиот аеродром ги испрати фудбалерите и членовите на стручниот штаб на репрезентацијата на нашата земја кои во Порто, Португалија, ќе го играат вториот бараж меч за пласман на Светското првенство во Катар.

Премиерот Ковачевски со честитките до фудбалерите им оддаде и признание за сите успеси што ги постигна оваа генерација фудбалери.

„Ова што вие сте го направиле не е резултат само на некаква среќа, туку е резултат на голема работа и големо откажување. На многу работи од кои сте се откажале како млади за да постигнете ваши лични кариери за коишто ве почитуваат во целиот свет“, им порача премиерот Ковачевски на фудбалските репрезентативци во авионот пред летот за Порто.

Ковачевски уште нагласи дека како најсветлата точка за сите граѓани на државата, целиот народ е заедно со фудбалерите на патот на кој ги редат успесите и им посака со победа над Португалија да вбројат уште едно големо постигнување, и дека тие знаат, заедно со нивниот селектор Милевски знаат како најдобро да го направат тоа.

„Како Влада, она што најмалку можеме да го направиме е доколку се пласирате на светското првенство, ние ќе издвоиме награда од половина милион евра за играчите и за стручниот штаб.

Тоа го заслужувате затоа што сите деца во државата, сите возрасни во државата, сите се спремаат за во вторник да ја прослават големата победа со која што македонската фудбалска репрезентација после настап на европското, ќе биде дел и од светското првенство“, порача премиерот Димитар Ковачевски и им рече дека тој останува да ги чека со добра вест и со дресот кој го доби како подарок.

Со него беше и Артан Груби кој на својот профил сподели видео од овој момент и притоа порача:

Победничкиот тим денеска отпатува за Порто, за да донесе уште еден успех.Заедно со премиерот Ковачевски на нашите фудбалери им посакавме среќен пат во Португалија и им посакавме многу успех во историскиот натпревар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *