Зоран Заев реши да му одговори на Никола Груевски по низата негови објави: Сите можеме да помагаме

  • By admin
  • април 23, 2021
  • 0
  • 1814 Views

Поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски како што е познато веќе неколку години е во политички азил во Будимпешта.

Иако е далеку од родната држава, Груевски очигледно следи се и будно следи што се случува на македонската политичка сцена.

Никола знае често да се огласи преку својата фејсбук страна што беше случај и последните неколку дена и тоа во неколку наврати.

Актуелниот прв човек на нашата држава, премиерот Зоран Заев реши да одговори на овие негови написи.

Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака денеска премиерот Зоран Заев ја прокоментира фејсбук-објавата на неговиот претходник од Будимпешта.

Заев нагласи дека Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне, многу поцелисходно би било тоа да го прави од тука.

-Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме.

Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата, подвлече Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *