Германија воведе нови мерка за вирусот – започнуваат веќе од утре

  • By admin
  • април 23, 2021
  • 0
  • 999 Views

Измените на Законот за заштита од инфекции поминаа во Бундестагот и Бундесратот и од денеска се на си ла. Меѓутоа, поради тоа што на различните региони им е потребно време за прилагодување на правилата, таканаречената „ургентна кочница“ ќе почне да се применува од утре (24.04).

Имено, пред да се почне со „ургентната кочница“ ќе треба да се направи проценка на ситуацијата во регионите врз основа на инциденцата од изминатите три дена и корона-правилата да се прилагодат на „ургентната кочница“.

Штом бројот на новоинфицирани на 100.000 жители во еден регион во период од седум дена бил над 100 три дена по ред, автоматски стапуваат во сила мерките наведени во изменетиот закон, односно „ургентната кочница“.

Според новите правила, ако седумдневната инциденца е над 100, граѓаните во определен регион или град по правило не смеат да ги напуштаат своите домови по 22 часот.

Кога граѓанинот оди на прошетка или трчање сам, смее да остане надвор до полноќ. Продавниците смеат да им ги отворат вратите само на муштериите кои ќе приложат негативен корона-тест и кои претходно резервирале термин. Кога инциденцата е над 150, не е дозволено купување во продавниците, туку само земање на веќе нарачана стока.

Училиштата ќе мора да затворат кога инциденцата е над 165, а исклучок се учениците во завршните класови.

Иако Бундесратот на својата вонр една седница вчера не се спротивстави на измените во Законот за заштита од инфекции, сепак се слушнаа многу крит ики на сметка на „ургентната кочница“.

Премиерите на покраините изразија уставни дилеми и потенцираа дека ќе има проблеми при практичната примена на правилата. Исто така, се слушнаа негодувања поради тоа што сојузот не ги зел предвид искуствата на покраините во борбата против пандемијата.

Претседателот на Бундесратот, Рајнер Хазелоф, остро го кри тикуваше префрлањето на компетенциите во раце на сојузот.

„Денешниот ден за мене е ден кога е достигнато дното во федералната култура во Сојузна Република Германија“, изјави политичарот на ЦДУ и премиер на покраината Саксонија Анхалт. Според него, Бундесратот дебатира за закон „чие настанување, форма и резултат се незадоволителни“.

Премиерот на покраината Сар, Тобијас Ханс (ЦДУ), рече: „Сѐ уште нема доказ дека ова пренесување на компетенциите на сојузно ниво е поефикасен начин за борба против пандемијата. Тоа мора да се докаже.“

Премиерот на покраината Хесен, Фолкер Буфие (ЦДУ), околу забраните за движење оцени дека се „уставно проблематични“. Исто така, прашање е како ќе се спроведуваат предвидените затворања на училиштата.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан, пак, на седницата на Бундесратот уште еднаш го пофали законот и им ја префрли топката на покраините:

„Од почетокот на март сите инструменти се наведени, напишани, всушност договорени и воедначени, вклучително и ограничувањата за излегување. И, тука мора да бидеме искрени – иако сојузот и покраините сакаат исто, кај многумина се создаде впечаток дека не сме на иста страна во последните недели.“

Според Шпан, се изгубил впечатокот во јавноста дека се дејствува единствено, па законот е „резултат на сите овие работи“.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *