За они кои што во кеш имаат швајцарските франци пристигна важно известување

  • By admin
  • јуни 23, 2021
  • 0
  • 9267 Views

Според податоците на „Еуростад“ во текот на 2020 година трошоците за живот биле највисоки во Швајцарија, додека од земјите во ЕУ се издвојува Данска којашто имала највисоко ниво на цените. Поточно, дури 141% над просекот на ЕУ.

Потоа следат Ирска и Луксембург со 136%, Финска со 126%. Најниско ниво е забележано во Романија, 55% од просекот на ЕУ, во Бугарија 56% и во Полска 58%.

Истражувањето на цените е спроведено во 37 европски земји кои учествуваат во програмата за куповна моќ. Во групата земји учесници се 27 држави членки на ЕУ, три држави EFTA (Исланд, Норвешка и Швајцарија),Обединетото Кралство, пет земји кандидатки (Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција) и Босна и Херцеговина како потенцијална земја кандидат.

Швајцарија ја повлече осмата серија од издадените франци кои сега сите кои ги поседуваат мора да гизаменат. Такви франци имаат и македонските државјани па тие пари ако им се под перница, треба едноставно д агиизвадат.

Од Народната банка велат дека условите за замена на странските пари коишто престанале да бидат законско средство за плаќање ги одредува издавачот на парите, во овој случај Швајцарската национална банка.

Сепак велат дека имаат сознанија кои произлегуваат од јавно објавените информации од Швајцарската национална банка, дека нема рок за замената на овие пари, односно Швајцарската национална банка неограничено ќе ги заменува без надомест.

Инаку Националната банка на Швајцарија реши да ја повлече од оптек осмата серија банкноти заради подобрување на безбедносните елементи, што пак беше постигнато со деветата серија. Инаку претходно шестата серија беше повлечена на 1 мај лани, а седмата серија е резервна и никогаш не беше пуштена во оптек.

Граѓаните кои имаат вакви швајцарски франци инаку може да ги заменат директно в централата или во овластените филијали на Швајцарската национална банка.

Парите може да бидат доставени, или, пак, со доставување на швајцарските франци во централата на банката, при што Швајцарската национална банка може да ја префрли вредноста на доставените швајцарски франци на сметка во странска банка, доколку субјектот поседува таква сметка, или на трансакциска сметка во некоја од домашните банки, којашто субјектот ќе ја наведе при доставувањето на парите.

Од Народната банка информираат дека замената може да се врши и во деловните банки во Швајцарија коишто ги извршуваат овие активности во име на Швајцарската централна банка. Но за сите Македонци, граѓаните и правните лица кои поседуваат банкноти од осмата серија можат да ја вршат замената кај дел од деловните банки во земјата.

Инаку Македонците малку штедат во франци, но според некои истражувања кои се неофицијални, дури 20 отсто од дознаките од странство се од Швајцарија, или стасуваат во земјава како франци и по неформални канали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *