Се огласи и Дунавка по крајот со Ване Цветанов: Како мама каже

  • By admin
  • јуни 23, 2021
  • 0
  • 3425 Views

Многу се зборуваше и пишуваше за големата љубов помеѓу познатата манекенка Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција, но по се изгледа за кратко време работите се променија.

Цветанов на Фејсбук реши отворено информацијата да ја сподели со своите пријатели притоа истакнувајќи дека за Дунавка има само убави зборови и дека тие двајца ќе останат во добри односи. Како што истакна причината за престанокот на бракот се различностите помеѓу нив двајца како и постојаната професионална ангажираност на Ване.

Тие во врска беа повеќе од година и половина, а во брак од март годинава.

Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.

Дунавка е прекрасна личност, искрено ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света.

Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.

Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси!, напиша Цветанов.

Денес се огласи и Дунавка која на својот профил на фејсбук напиша:

Иако фб за мене не е медиум како и злоуп отребата на моето име на истиот во определени статуси со цел да бидат сензац ионалистицки е одобрен, моите одлуки се истите што сум ги донела во јуни минатата година.Истата сум и јас.

Мојата одлука дека минатото не треба да ,,пушта ларви,, во сегашноста ,а ни малку да биде ,,едно,, со иднината, кога ќе биде испочитуван ,тогаш може да гледаме други епизоди.

До тогаш ,господинот треба да се посвети на своите обврски ,своите функции и своите деца.

Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата „како мама каже…,, е личен избор.

Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ја постави своите државничките интереси пред личните.

Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година.Тоа е мој став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна на која не бев информирана дека ќе биде присутен!

Јас тајни немам. Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците ,за да го имаш сонцето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *