За белење на 100 квадрати и до 1.000 евра: За добар молер денес се чека и до три месеци

  • By klaster2
  • октомври 21, 2022
  • 0
  • 239 Views

Закажувањата на три месеци однапред во претходните години најмногу се однесуваа на давање здравствени услуги, а во последно време е потребно толку време да се најде добар молер. Ги има толку малку на пазарот што е тешко да ги добиете на телефон, а камоли да ги ангажирате.

Зошто е тоа така и кои се проблемите и предрасудите со кои секојдневно се соочуваат молерите, во интервју за веб-страницата ,,Послови инфостуд” зборуваат Стеван и Давид кои со децении се занимаваат со оваа работа.

Стеван Петровиќ нагласува дека луѓето речиси и не се свесни колку е напорна и тешка оваа работа. Тој исто така тврди дека е голема заблуда дека секој може да кречи.

Истиот соговорник објаснува дека за да бидеш вистински молер треба да имаш поминато многу со четката, а дека се потребни и до три месеци за да се усоврши барем една опе рација.

„Да не навлегуваме во некои финеси, но луѓето често не знаат дека различни четки и валјаци одат на различни видови површини.

Да речеме, се случува на градилишта, во приватни станови или деловни згради да имаме молери кои дошле по платена пракса, а нивниот став е како да знаат се.

– По два дена ни се извинуваат на сите, бидејќи сфаќаат дека работата е многу потешка отколку што мислеле. Основните работи може да се совладаат за два ипол до три месеци интензивна работа, додека нивната почетна плата е околу 2.000 динари, вели Стеван.

„ Еднаш пред деценија и пол, и повеќе од тоа, седев дома, ми се јави еден човек и отидов да белам. Но денеска ги закажувам како да правам магнетна резонанца, три месеци однапред.

Затоа што едноставно, на пазарот има толку малку квалитетни молери а обемот на работа е огромен. Затоа се вклопуваме, земаме двајца клиенти кои се во близина, па додека се суши она што го правевме на едниот, одиме кај другиот и обратно.

Мораме така, еве само погледнете ги огласите. Се повеќе има понуди за заминување во странство, каде платите се 3-4 пати повисоки од овде“, посочува Давид.

Соговорниците на веб-страницата ,,ПословиИнфостуд” посочуваат дека просечниот трошок за белење на стан од 100 квадрати е околу 1.000 евра, сето тоа заедно со материјалите и „мајсторските раце“ чија цена е од едно до две евра за квадрат метар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *