Елена Велевска: Јас сум скапа пејачка, мојата цена ги бира местата каде ќе настапувам

  • By klaster2
  • март 28, 2022
  • 0
  • 515 Views

Елена Велевска е една од нашите најпознати и најквалитетни фолк изведувачи, која има завидна кариера веќе долги години.

Прв избор е за семејни веселби и слични манифестации а често патува во дијаспората каде што ги полни клубовите и арените.

– Моментално работам на мојот албум кој е насловен ,,Ѓердан за душата” во кој ќе има неколку одлични песни, меѓу кои една со ќерка ми.

– Заедно снимивме дует со ќерката Софија која наскоро ќе полни 14 години, песната е одличен дијалог и однос на мајка и ќерка.

– Ќерка ми уште од помали години изразуваше љубов кон музиката, а и ги следеше и музичите шоуа и аудиции, а јас немав толку време да одиме по тие настани.

– Па решив преку мене да направиме нешто што ќе ја вивне и побрзо би и донело просперитет, и така решивме да направиме нешто заедничко.

– Сега се е во најдобар ред. Мене и поранешниот сопруг секако ќе не врзуваат нашите три деца. Подобро да останеме во пријателски односни.

– Отколку ова да оди до бесконечност, сепак како јавна личност гледав да најдам баланс и сега подобро функционираме со него отколу во брак.

– Софија и Марко се малку поголеми од Калија, таа апсолутно не сакаше да го прифати разводот, но сега си живее со мене во Прилеп.

– А со поголемите деца ситауцијата е малку поразлична. Бидејќи тие се израснати во Охрид и си сакаат таму да бидат и да учат.

– За сега имаме разбирање, а за натаму ќе видиме што ќе биде. Инаку јас сум започнала во кафеана и не се срамам да настапувам, додава Елена.

– Јас ги бирам местата каде ќе настапувам, а мојат цена ги ограничува местата каде да можам да пејам а каде не. Јас сум скапа пејачка.

– Непристојни понуди имало од секогаш, но можам да кажам дека порано ги имаше повеќе, вели Елена Велевска во емисијата Г-Карпет

– Музиката е скап бизнис, треба да се инвестира доволно за да се успее. Сите ми велат зошто во најголемата кри за ти правиш албум ?

– За да успеам и да опстанам на оваа сцена морам да инвестирам за да имам поврат на тоа. А со тоа и настапите ќе се зголемат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *