Кристина Арнаудова до Данела: Фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти

  • By klaster3
  • март 28, 2022
  • 0
  • 413 Views

Пејачката и автор Кристина Арнаудова веќе со години успешно стои зад здружението „Проект среќа“. Нејзината лична приказна од детството ѝ ја поттикнала желбата денес да им помага на другите.

Таа веќе е докажан хуманист кој зад своето име има остварено низа големи дела со кои помогнала на многу социјално ранливи семејства.

„Проект Куќа произлезе од проектот „Топол дом за сите“ кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година. Идејата беше да се реновираат или изградат одново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Одзивот на јавноста да се вклучи во овој проект беше речиси непостоечка. Но ние не се откажавме. Знаев дека ова може да профункционира (не со таква динамика како во останатиот дел од светот и со таков ентузијазам, но со голем труд, сепак е можно)“.

Сепак, на почетокот на оваа 2022 година Кристина на својот фесбук профил се изјасни дека хуманитарниот ТВ проект, „Проект куќа со Кристина“ го дочека својот крај.

„Се надевам дека уживавте, ви беше интересно, но од друга страна се надевам и дека навистина покажавме дека кога сме сплотени чу да се случуваат, што беше и крајна цел на Проект Куќа.

Денес ќе ја гледате последната епизода од оваа прва сезона на Проект Куќа. Постојано ме прашувате дали ќе има втора сезона, а јас не знам што да ви кажам, бидејќи колку и да сакам, реалноста е дека проектот нема доволно спонзори, а и самите бевте сведоци како доаѓав до донации и каков тежок процес беше тоа“.

Додаде дека недоволната поддршка од најголемите компании во македонскиот бизнис сектор, но и медиумите генерално, придонеле овој хуманитарен проект да не продолжи да помага уште на многу семејства на кои им е потребно.

Кристина се уште продолжува со своите хуманитарни акции и планира и оваа година да го организира „Шарено лето“ – спортско забавниот камп за деца во социјален ризик, од 8 до 14 години, од цела Македонија. Меѓутоа ниту тој за првпат годинава не и е поддржан.

На Фејсбук профилот се огласи разо чарана од одзивот на локалната власт, но и со надеж дека ќе најде начин да го одржи.

„Драги пријатели, нашиот редовен проект, бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, Шарено лето, кој постои од 2017 година, и каде стотици деца го доживеаа својот прв летен одмор, оваа година за прв пат не е поддржан од Град Скопје.

Неговото оддржување за прв пат е неизвесно. Можам само да кажам дека ќе дадам се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме.

Градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме. Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години.

Јас само би и препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца….
Секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ни пише порака! Ќе најдеме начин заеднички!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *