Девојка во Австралија не можела да си дојде при себа кога видела колку и наплатиле за сендвич

  • By klaster3
  • август 2, 2022
  • 0
  • 513 Views

Откако се вратила од одмор во Грција, додека го чекала продолжението на летот, Џесика Ли купила сендвич на аеродромот во Сингапур и со дозвола на стјуардесата го донела во авионот.

Приказната за тоа како сендвичот со пилешка салата станал најскапиот сендвич досега, како што кажала и самата Ли, започнува во моментот кога почнала да ги чувствува последиците од патувањето, откако со партнерот прелетала повеќе од 12.800 километри за 24 часа.

Уморна од временската разлика и екстремно гладна, таа едвај го чекала одморот во Сингапур за да јаде. Таа чекала ред за да купи сендвич во синџирот ресторани за брза храна Сабвеј.

Изела половина од сендвичот за време на летот, а остатокот го спакувала во торбата. Го заборавила тој сендвич до проверката на багажот кога слетала во Перт.

Со тоа што не ги проверила соодветните полиња на формуларот за декларација, таа го прек ршила австралискиот Закон за биосигурност, регулатива дизајнирана да спречи влегување на ште тници и бо лести во земјата и била ка знета со 2.644 долари.

„Вашингтон пост“ објави дека Австралија стр ого ги спроведува своите закони за биосигурност. Ова значи дека сите патници и багаж се предмет на скрининг кој вклучува апарати за рендген, кучиња, физички прегледи и тестови.

На патниците кои пристигнуваат во земјата им се дава формулар за декларација за секоја ризична стока, вклучувајќи храна, животински производи и растителен материјал. Непочитувањето може да доведе до бројни казн и, вклучително и кри вично гонење и откажување на визите итн.

Нејзината приказна во видеото на Тикток, кое го раскажа со надеж дека тоа нема да му се случи на никој друг, имаше илјадници прегледи и коментари за неколку часа.

Од минатата среда наутро, видеото беше прегледано повеќе од 1,3 милиони пати. Сендвичарата беше означена во еден од коментарите на нејзиното видео, повикувајќи ја компанијата да и помогне.

Неколку минути подоцна компанијата стапила во контакт со Ли и и кажала дека би сакале да и помогнат, иако не можат да ја платат каз ната.

Заедно со ваучер за сендвичи во вредност од 2.644 долари, оваа компанија и испратила и пакет брендирани производи, кои ги покажала пред камерата во друго видео на ТикТок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.