Татијана Стефановска: Наум Петрески е најдобриот изведувач кај нас и пошироко

  • By admin
  • август 2, 2022
  • 0
  • 221 Views

За Наум Петрески цела македонска јавност знае дека тој е еден од најпознатите и докажани фолк-пејачи во земјава кој опстојува со децении на сцената.

В четврток за Наум ќе биде голем ден кога ќе се случи Концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум” – 35 години НАУМ

Овој проект има вистинска вредност и уметничка тежина кои се од големо значење за одржување на македонската народна музика најавија од продукцијата и притоа во најава на истиот кажаа:

Почитувани со огромна чест и задоволство сакаме со Вас да ја споделиме убавата информација дека по повод 35 годишната кариера на македонската и балканска естрада, Наум Петрески и продуцентската куќа Авард Промотион, во месец август 2022 ќе го промовираат новото издание ” Најдоброто од Наум “ кое ќе содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција во Битола , Охрид и Скопје

Квалитетот на внимателно одбрани песни во изведба на еден од најдобрите Македонски пејачи Наум Петрески со долгогодишно музичко искуство е одличен пат кон успешноста на новиот редок но многу значаен музички проект.

Понатата наша пејачка Татијана Стефановска ќе биде специјален гостин на Наум на концертот во Хераклеа Битола, објавија од продукцијата и притоа пренесоа нејзинна изјава:

“Самата покана да бидам дел од овој концерт, за мене е од особена важност.Да се биде специјален гостин на најдобриот изведувач кај нас и пошироко не е мала работа и сум Благодарна на тоа.

Честитки до Наум за неговиот голем јубилеј 35 години кариера и благодарност за неговите песни, без кои не поминува ниту еден настан.

На концертот во Хераклеа ќе настапам со две песни, “Горчлив шеќеру” и со Наум ќе ја исполниме заеднички песната “Доста доста, лично бре Стојне”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *