Германија бара 400.000 работници од странство – објавено и за кои работни места

  • By admin
  • август 24, 2021
  • 0
  • 2896 Views

Ветената држава за многу Македонци, поточно Германија јавно порача дека се повеќе има потреба за работници од странство.

Ова секако е убава вест и за нашите граѓани кои имаат желба и планираат да се преселат во Германија по потрага по подобар живот.

Претседателот на Управниот одбор на Сојузната агенција за вработување, Детлеф Шеле упати сериозен апел до германската влада: во земјата треба да се донесат многу повеќе квалификувани доселеници, околу 400.000 годишно.

„Работната си ла во Германија се намалува“, изјави Детлев Шеле за весникот „Зиддојче цајтунг“. Поради демографскиот развој, уште оваа година бројот на потенцијални работници во типично работоспособна возраст во земјата ќе опадне за 150.000, а во следните години ќе биде уште подраматично, истакнува Шеле.

Според него, Германија може да го реши проблемот на пример со тоа што ќе врши оспособување неквалификувани работници и преквалификација, а оние кои не по своја волја работат со ограничено време, ќе бидат ангажирани на полно работно време, или пак ако во земјата се донесат нови доселеници.

„Но, овде не станува збор за азил, туку за целно доселување заради пополнување на празнините на пазарот на труд.

Потребни ни се 400.000 доселеници годишно, односно многу повеќе отколку во претходните години, почнувајќи од негуватели, преку техничари за климатизација, до логистичари и факултетски образовани луѓе, насекаде ќе има недостиг од квалификувана работна сила“, тврди шефот на Сојузната агенција за вработување.

Шеле во изинатите денови во повеќе наврати предупредува на лошата ситуација на пазарот за обука за работа. „Постои јаз меѓу младите луѓе кои бараат место за професионално образование низ работа и работодавачите, а трендот постојано се влошува.

31 процент од младите луѓе кои конкурираат за место за работна обука досега го немаат добиено, додека пак 40 проценти од местата кои работодавачите ги нудат за школување низ работа се уште слободни“, истакнува Шеле за Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.