Професор Трајковски: Се сетив зошто МЗ признава имунитет од прележување само 45 дена

  • By admin
  • август 24, 2021
  • 0
  • 9697 Views

Професорот Дејан Трајковски од Битола продолжува секојдневно да анализира и информира за актуелната состојба со вирусот во нашата држава.

Тој вчера на својот профил на фејсбук сподели:

Според датабазата GISAID.org, последниот секвенциониран геном на Алфа сојот во Македонија бил на ден 13.07.2021 (случај од Тетово). Од 14.07.2021 до 30.07.2021 (последниот поднесен случај во датабазата) сите 30 секвенционирани геноми биле од Делта сојот на вирусот.

Како е можно нашите здравствени власти сé уште да не разбираат дека нема повеќе Алфа сој и дека учеството на Делта сојот е речиси 100%?

Да не навлегуваме во веројатносни пресметки (на пример со биномен или Пуасонов распоред на веројатноста за ретки настани), но секому му е јасно дека по чиста случајност од 30 извлекувања практично е невозможно сите 30 да бидат Делта и ниеден Алфа, освен доколку Делта е застапен со повеќе од 90% во примерокот.

На пример, ако во популацијата на заразени 85% биле Делта и 15% Алфа, од 30 извлекувања (секвенционирања) веројатноста сите 30 да бидат Делта и 0 од Алфа изнесува само 0,76%.

Од друга страна ако 99% биле Делта, а 1% Алфа, тогаш веројатноста од 30 секвенционирања сите 30 да бидат Делта и 0 Алфа е високи 74%.

Инаку, математички најправилно е да се каже на следниот начин: „Врз основа на идентификувани 30 случаи на Делта сојот во примерок од 30 секвенционирани брисеви, најверојатната пропорција на Делта сојот изнесува 100%, со интервал на доверба од 88,43% до 100% и ниво на доверба од 95% (според егзактниот биномен метод).“

Утрово пак професорот Трајковски имаше уште една свој статус на фејсбук во кој што напиша:

Се сетив зошто МЗ признава имунитет од прележување само 45 дена, иако студиите кажуваат дека трае 180 дена. Користат коефициент на сиурност 4. Ете што значи да бидеш машински инженер, веднаш работите ти стануваат појасни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *