Доаѓа убава вест за Македонците во Швајцарија и нивните блиски

  • By admin
  • август 24, 2021
  • 0
  • 3761 Views

Процентуално гледано, Швајцарија е меѓу државите со најмногу странски жители. Според податоците од 2014 година, 24,3% од жителите во оваа земја се странци.

Од нив 3,18% односно 63 516 странци, се Македонци иако оваа бројка во реалност е уште поголема ако се знае дека од година во година се зголемува нашата дијаспора во Швајцарија.

Со ова се отвора и потребата за што почести авио линии кои ги поврзуваат Македонија и Швајцарија за што полесен проток на патници.

Во таа насоко деновиве пристига една позитивна вест за Македонците во Швајцарија и нивните блиски во нашата држава.

Имено како што пренеесува специјализираниот сајт за авијација, „ексјуавиатион“, нискобуџетната авиокомпанија ИзиЈет ќе влезе на македонскиот пазар претстојната зимска сезона со летови помеѓу Женева и Скопје.

Летовите ќе бидат воспоставени на 1 ноември и првично ќе ги има двапати неделно, секој понеделник и петок. Бројот на летови ќе се зголеми на трипати неделно во декември.

Извршниот директор на турски ТАВ, кој управува со двата аеродрома во Македонија, Сани Сенер, неодамна изјави дека и покрај тоа што „Виз ер“ оперира од државата, сепак има простор за повеќе нискобуџетни играчи.

„Скопје е веќе успешна база на „Виз Ер“, но сметаме дека има простро за повеќе нискобуџетни оператори“, рече Сенер.

Вкупно 3.923 патници патувале индиректно помеѓу Скопје и Женева во 2019 година, пред да фати пандемијата со ковид-19, а лани таа бројка изнесувала нешто повеќе од 600.

Овие бројки вклучуваат само патници кои преку други дестинации патувале до Женева или до Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *