„Визер“ скрати уште три дестинации од и до Македонија – објавено за кои летови станува збор

  • By klaster3
  • септември 12, 2022
  • 0
  • 302 Views

Според последните информации авио-компанијата „Виз ер“ ќе сус пендира три линии од својата база во Скопје во наредните денови, а летовите ќе бидат обновени следната летна сезона.

Ниско буџетниот превозник ќе ги прекине летовите од главниот град на Македонија до Торино, Билунд и Турку. Последната линија до италијанскиот град е закажана за следната среда, до Билунд во четврток и до Турку во сабота.

Како што е познато во овој момент, сус пендираните летови треба да продолжат во текот на последната недела од март 2023 година.

Како што претходно беше соопштено, Визер исто така отстрани голем број рути во текот на зимата од своите други бази во поранешна Југославија, вклучително и од Белград и Тузла, иако Сараево е со најголемо намалување на летовите до шест дестинации кои ќе бидат стопирани до следната летна сезона.

Нискобуџетната авиокомпанија може да се пофали со својата најголема база во поранешна Југославија во Скопје, со пет авиони стационирани во градот.

Превозникот воведе услуги од македонскиот главен град до Торино овој јуни, додека летовите до Билунд беа отворени минатиот декември.

Финскиот град Турку е дел од мрежата на Визер во Скопје од 2019 година. Нискобуџетната авиокомпанија летово се соочи со голем број оперативни проблеми поради недостаток на персонал и капацитет, што ја принуди да ги намали фреквенциите низ својата мрежа, вклучително и оние од Скопје.

Извршниот директор на Wizz Air, Јожеф Варади, го посети Скопје претходно оваа година. Се верува дека превозникот се подготвува да учествува на тендерот на македонската влада со цел субвенционирање на пуштање нови линии, што ги доби во сите три претходни прилики.

Тендерските постапки се очекуваше да започнат летово, иако процесот допрва треба да започне. Се вели дека „Виз ер“ размислува за летови од Скопје до Словенија, како и за дестинација на хрватското крајбрежје,

Прага и за обновување на некои линии кои авиопревозникот ги прекина од македонскиот главен град во последните неколку години. Се очекуваат и нови услуги од Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.