Сузана Турунџиева: За да останат најдобрите, мораш да поминеш низ најлошите

  • By klaster3
  • септември 12, 2022
  • 0
  • 192 Views

Сузана Турунџиева важи за една од најпознатите македонски поп-пејачки, писателки и телевизиски водителки.

Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шест годишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири.

Во 1984 година се запишува во Средното музичко училиште во Битола, на отсекот по соло пеење во класата на професор Пеце Митревски.

Во 1991 година, после дипломирањето на Ф М У, заминува во Австралија, на покана од К У Д „Александро Турунџев“ од Мелбурн. Покрај неколкуте успешни концерти низ Викторија, во ноември истата година учествува и на еден натпревар за пеење

– „Да пеам, да те натпеам“, каде ја освојува првата награда. По враќањето од Австралија, се запишува на постдипломски студии по соло пеење на ФМУ Скопје, и започнува да работи како професор по соло пеење и камерна музика во средното музичко училиште, Илија Николовски Луј.

Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.

Живот многу не ја мазеше Сузе, па таа загуби неколку сакани и блиски личности, меѓу кои нејзинито сопруг Маријан и брат и Панде.

Во далечната 2001 година братот на Сузана Туринџиева беше пронајден упо коен на 15 километри од својот дом меѓу градовите Кембрич и Кичинер во Канада. По исчезнатиот триесет и осумгодишен Панде Турунџиев канадската полиција безуспешно трагала речиси два месеца.

Таа неретко знае да напише некоја мудра мисла или статус со кој им влева надеж во животот на луѓето, па така и овојпат се осврна на добрите и лошите моменти кои се случуваат и напиша:

„Од секое доживеано искуство, потруди се да го извлечеш најдоброто. Не дозволувај да го “потрошиш” искуството без научена “лекција”.

Колку што ќе ти годат пријатните искуства, толку ќе те бо лат непријатните. Но, никогаш не заборавај дека медалот има 2 страни и не плаши се да поминеш низ емотивните фази кои го пратат секое искуство, колку и да е трау матично.

Запамти, за да останат најдобрите, мораш да поминеш низ најлошите (искуства). Среќно!“, напиша Турунџиева како опис на споделената фотографија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *