(ФОТО) Лејла, ќерката на Велија Рамковски конечно си го оствари сонот: Време беше да застанам на едно место

  • By klaster3
  • септември 11, 2022
  • 0
  • 261 Views

Лејла Рамковска, ќерка на познатиот Велија Рамковски поранешен сопственик на веќе непостоечката А1 телевизија и неколку други медиуми и поранешна сопруга на Сефер Цановски често знае да биде привлечна за медиумите.

Лејла е прекрасна жена, мајка на две деца, која неизмерно и е посветена на јогата. На нејзината витка фигура не можете да останете рамнодушни, а фотките кои ги објавува на својот Инстаграм профил воодушевуваат многумина.

Една од „главите“ на А1 телевизија беше и Лејла Рамковска, ќерка на сопственикот Велија Рамковски. Таа по затварањето на телевизијата се посвети на сосема поинаква професија со која се занимава и денеска…

Лејла денес е една од најдобрите јога-инструктори во нашата земја, а резултатите од овој спорт се многу очигледни кај неа. Тоа најдобро може да се види и на нејзиниот профил на Инстаграм каде има стотина фотографии како вежба Јога.

-Не постои група на луѓе за кои смее или не смее или не се препорачува да практикува јога. Секој може да практикува јога..

Само е важно да си го најдеш вистинскиот тип на јога кој што ти прилега на твојот карактер.

Кога би опишала што јогата направи за мене, со еден збор, тоа е трансформација- дефинитивно. Започнав на 30 години со јога. Тие што практикуваат кога знаат.

Таа важи за личност која доста патува, па овојпат се реши одморот да го помине на една од најпосакуваните светски дестинации на континентот Африка, а станува збор за Занзибар.

По враќањето со нејзините следачи сподели прекрасна новост. Станува збор за нешто кое и таа самата долго го очекувала, а сега успеала да си го оствари.

„На земја сум ама лебдам. Момент на “сонот стана реалност”. Долго чекавте да си отворам свое студио и вие, а јас си имав замисла и не сакав да излезам од неа… едно 6 години држев часови на разни прекрасни локации.

Време беше да застанам на едно место.Дали вредеше, ќе видите и сами. @club8.mk е мој, твој, наш клуб на дружење и вежбање. Ова е твоето безбедно место, каде можеш да се опуштиш и да бидеш ти,ти. Со часови почнуваме од наредна недела. Утре објавувам програма“, напиша Лејла.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *