Бошко од Велес кој е по потекло од Драмско: Дури на 10 години го видов татко ми во живо

  • By admin
  • јули 4, 2021
  • 0
  • 4040 Views

Бошко Божинов e 75 -годишн пензиониран металуршки инженер потекнува од Драмско, Грција. Сега, живее во Велес. Неговите предци биле принудени да го напуштат родното место, па за ТВ21 го раскажува патот и низ што се поминале за време на прогонот на децата бегалци од Егејскиот дел.

„Запретено е на мојата фамилија дека мојот татко ќе биде уб иен. И решиле подобро да остане жив отколку да дозволи да се случи тоа“, истакна Бошко Божинов.

Неговата фамилија се сели во градот Гоце Делчев во Бугарија, во 1945 година.

„Но, не останале и таму, бидејќи тогашната бугарска власт им кажала тоа од мојот дедо го имам слушнато : „Вие не сте Бугари, вие сте Македонци и ќе одите во Македонија“, додава Бошко Божинов.

Со организиран превоз од Бугарија се пренесени во Струмица. Македонската власт се заангажирала да ги вдоми. По списокот на неговата фамилија и се паднало да се всели во Градско, каде е и роден Божинов. Татко му го запознава на 10 години.

„Татко ми како учесник во Граѓанската во јна во арми јата на ДАНК, немал среќа да се врати дома. Пренесен по распоред во Советскиот сојуз во Ташкет. Јас на 10 години го видов татко ми во живо“, вели Бошко Божинов.

Тој за разлика од могу Егејци, 1975 година кога првпат извадил виза, го посетува родниот крај на неговите претци. Божинов открива зошто е 100% убеден дека ние зборуваме друг јазик од бугарскиот.

„Седиме кај вујко ми и си правиме муабет, а дојден братучед од Софија и јас. Тој зборува бугарски студирал во Софија, чисто бугарски.

Јас го зборувам дијалектот на моите родители, на моите претци. И бараат каде го ставиле клучот јас се вклучувам, видов вујната го стави во фиоката што ние ја викаме „ширтара“.

Вујко ми вика: „Зошто јас тебе те разбирам, а него не го разбирам?“, вели Бошко Божинов.

Божинов вели дека во Драмско село од 1200 жители 99 % се Македонци, само попот, полицајците, државните службеници се Грци. Постарите го зборуваат македонскиот јазик, а младите не. Од царицата своевремено им било овозможено на децата бесплатно да бидат сместувани во градинките , за бабите да не ги учеле македонски.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *