Игор Филиевски: Сега гледам дека Грујо бил “мало дете” за фараониве што владеат сега

  • By admin
  • јули 5, 2021
  • 0
  • 14589 Views

Новиарот Игор Филевски кој е познат во јавноста како Филе Топки долги години живее надвор од Македонија, поточно со семејството е во Малта.

Тој се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

-Се’ додека нема одговорност, па макар и за твор ако треба, за сите што се вклучени во “изградба”, одобрување и пуштање во употреба на “новиот пат” од Скопје кон Штип, нема да има ниту држава, а нема ни да има ни умен и чесен човек што ќе сака да остане да живурка со ст рес до бесвест, во оваа кванташка држава, која пак од друга страна е прекрасна и преубава земја.

Па зарем можеше таков хо хштаплерај да се случи за толку кратко време по се’ она што го прокопсавме од владеењето на Грујо? Па, сега гледам дека Грујо бил “мало дете” за фараониве што владеат сега.

 

Да пуштиш НОВ автопат (изграден во 2020/21, во 21 век, не збориме за реновиран или поправан, туку нов, новцат, од корен новоизграден), без исполнети услови за безбедност и за заштита на природата, треба да си или хо хштаплер од највисока категорија или багра, без дури и сосем малку сенс за своите сожители, сограѓани, население.

И тоа никому не му смета?Никому не му смета што линиите за претекнување или не-претекнување, не се означени светлосно и физички по задолжителните безбедносни стандарди за новоизградените патишта како што е секаде низ ЕУ и светот?

Никому не му смета што крајните бели линии немаат рапави безбедносни физички ознаки, за физичко “алармирање” (на воланот) ако случајно возачот подзаспал или задремал за миг?

Никому не му смета што автопатот не е ограден целосно по својата должина, за да не се случува животни да преминуваат и со тоа да си го загрозат својот живот како и животот на учесниците во сообраќајот? (за час и пол на патот, налетав на три убиени животни што лежеа насред патот и на уште едно кое со опасна и животозагрозувачка манипулација едвај го избегнав)

Никому не му смета што на тој нов автопат нема “животински мостови” што во 21 век се задолжителни, за да не се прекине животинската комуникација од едната до другата страна на патот? (Хрватите уште пред 20 години кога ги градеа А1 и А2, кога не беа задолжителни овие елементи, тие ги изградија. За Словенците и да не зборам. Одете и видете.)

Никому не му смета што на неизградените делови од автопатот, не е постелен привремен асфалт, додека спојниците не се довршат, туку е оставено сето тоа како да се наоѓаме во 2 век пред наша ера, кога асфалтот не постоел?

Никому не му смета што тие недовршени неколку точки, вечерно време не се означени со никаква светлосна сигнализација?

Никому не му смета што ни браниците не се означени со светлосни знаци, за поголема безбедност во ноќни услови, посебно на кривините на кои постои и можност од излетување?

Никому? Навистина никому или не смеете да се пожалите, пишете, побуните и слично? Не зборувам за нешто што е избор вака или така, па кој како сака. Не!

Зборувам за детали кои во 21 век се облигаторни! Нема “сакам-нејќам”. Мора!!!

Во 2021 тие елементи СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ при изградба на сите нови патишта низ ЕУ. Инаку, нема да биде одобрен “техничкиот прием” и потпишано “одобрение за пуштање за сообраќај”.Ама на првата моја реакција си го добив “шамарот” со:

– Де бе, де бее, ај сега на се’ наоѓате маани вие кога ќе дојдете од странство… Ај гледајте си таму кај вас да е добро…И веројатно во право се’, иако секако дека не се!

За се’ да се мрчело, се’ да се барало “преку леб, погача”. Така е. Дискрапанцата е голема. Ние се отселивме, ги иселивме и нашите деца.

Останува да се потрудиме и за внуците и за пријателите и роднините на кои им е преку глава од овој башибозук и хо хштаплерај.Така си е.
Само да се мрчело…

П.С. А за “техничкиот прием” имав уште една шамарчина, уште појака:

– Ти збориш за “технички прием” и одобрување за пуштање за сообраќај, а веќе ни за згради нема “технички прием”, се вселуваат кој кога ќе сака и кој кога ќе стигне… Што те гледам чуден…

П.П.С.Советот, “да престанам да бидам чуден”, веројатно е најдобар и воедно да ја прифатам онаа легендарна “пато е на цело село” и да продолжам да си свиркам…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *