Баба Јелена на 94 години работи по нивите и има една важна порака до сите

  • By klaster2
  • мај 6, 2022
  • 0
  • 393 Views

Дека некои луѓе во живот ги одржуваат својата работа и активност, потврдува и примерот на безвременската Јелена Јела Цвијетиќ.

Старицата на 94-годишна возраст секое утро станува и оди во градината, каде што копа и тоа ја одржува како да е многу помлада.

Таа вели дека младите денес не живеат како порано и дека нивниот однос кон животот и работата не е добар и целат кон други вредности.

– Едвај чекам да дојде утрото, да излезам и да го дишам тој воздух, да работам и да сум активна пред се бидејќи тоа ме држи на нога.

– Иако пијам три вида на лекови, доктор не сум посетила доста долго време, тоа се должи на животот кој го живеам, вели баба Јела пред камерите на ,,Новости”

– Поминав и видов доста во мојот живот, и добро и лошо, и тешки моменит но и среќни моменти. Не знаеш што те чека утро и мора да живееш секој ден како да е последен.

– Едни од најтешките моменти беа кога ги изгубив родителите, а после тоа не беше поминало многу време го загубив и брат ми, вели со тешко срце оваа храбра жена.

– Кога зборуваме за мажење, па јас веќе заборавив кога се омажив, појма немам кога се случи тоа, вели низ смеа оваа ведра жена.

Баба Јела одамна заборавила на многу работи, а и памтењето ја издава но добро знае дека морала да работи уште од најмали години.

– Од своит седум години започнав да работам, се мавтав таму околу моите, а набргу потоа и сериозно започнав со работа.

– Само едно имам да порачам на луѓето, работете и само работете тоа ќе ве држи на нога и не се плашете од најлошото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *