Ангела од кумановско во солзи: Јас ги хранам братчињата и ги облекувам, се би дала да бидат здрави

  • By klaster2
  • мај 16, 2022
  • 0
  • 858 Views

Мирослав Величковски од кумановско Пелинце е напатен човек кој живее во многу тешки животни услови. Има многудетно семејство а неколку од децата му се многу бо лни и се со посебни потреби.

Тој е богат со рожба но финансиски немоќен да им овозоможи пристоен живот на своите четири деца, од кој дел се доста бо лни и ќе му ја отежнат и така тешката состојба на ова семејство.

Па така и она малку што ќе го заработи оди за лекување на децата. Кровот од куќата стара и над еден век е пред распаѓање.

Па Мирослав одлучува со последни сили да почне да гради нова куќа во овие тешки времиња, но финансиски е многу слаб и тоа е само еден од низата проблеми со што се соочува тој и неговото семејство.

Пред повеќе од 20 години се жени со Слаѓана, имал големи планови, но животот ќе ги однесе на друга страна и на други патишта

– Во оваа соба живееме шестмина, куќата ми е пред распа ѓање, почнав пред 20 години да ја правам но немам средства, вели Мирослав пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Синот Кристијан е во многу тешка состојба, не знамеше што следно тој може да направи па мора да бидеме цело време со него.

– Јас често морам да ја напуштам работата за да дојдам дома, но не знам уште колку ќе ме трпат така а ако сега напуштам после кој ќе ме прими на работа на 50 години, вели оч ајно Мирослав.

– Мојата плата е 15.000 денари и додаток за детето, но скоро сите пари одат по памперс и по лекови за детето и неговата состојба.

– Ги учам братчињата им кажувам некој бројки и букви, им давам леб и ајвар да јадат, ги облекувам вели најмалата во семејството Величковски.

За судбината да им биде уште потешка, ќе допринесе и ситауцијата на малиот Никола кој исто така ќе се роди со посбени потреби.

– Најоглемата ќерка што не се со нас сега ми вели ,,Тато дај ми 500 евра за возачки испит” од каде да и ги најдам нема ниту денар, вели Мирослав.

– Сакам само братчињата да ми бидат здрави не сакам ништо друго. Многу ми е жал за нив, се ке дадам тие да бидат добри, вели малата Ангела.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да се исправи во животот и да појде напред тоа може да го сторите на 077 940 222 или на жиро сметката 250-0070011403-02 Шпаркасе банка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.