Панчо од ДНК се потсети на зборовите од мајка си кои се уште му одѕвонуваат и го водат во животот

  • By admin
  • мај 16, 2022
  • 0
  • 317 Views

Владимир Блажев или позонат како Панчо од ДНК важи за човек кој нема проблеми да зборува отворено и без влакна на јазикот, а во една прилика говореше за своето детство и младоста:

Тој секогаш знае гордо да се потсети на својата мајка и често ја спомнува во интервјуа или пак во објави на социјалните мрежи.

Жалам што не можете да ја прашате мајка ми повеќе ама знам дека душата ѝ ја извадив. Од секогаш бев самостоен, со оглед на тоа дека живеев само со мајка ми, а таа мораше да работи.

Еднаш паметам дека ме прати по цигари, имав околу 6-7 години и бидејќи малската трафика не работеше се качив во автобус на најблиската автобуска станица и кога возачот виде дека сум сам ме одведе во првата полициска станица.

Таму со полицајците си гледав цртани филмови и нормало по 2-3 часа се појави мајка ми да ме земе.“, се потсетува Панчо во едно неодамнешно интервју.

Како што е познато Панчо на својата мајка ѝ ја посвети песната „Уште еден ден“, емотивна балада од последниот албум на „ДНК“. Кадрите за спотот, кој е симболика на нераскинливата врска меѓу мајката и детето, животот и см ртта, се снимани во Марков манастир и на Козјак.

„Веднаш откако поч ина. Му се јавив на Лазе (нашиот продуцент Лазар Цветкоски) и му реков дека мора да дојдам и да ја извадам цела моја та га на хартија.

Текстот го напишав речиси во еден здив, а Лазе отсвире се на самото снимање и направи според мене страшно добар аранжман полн со емоција.

Слушнете ја внимателно отсвирената соло гитара, и ќе чуете колку плач и тага има во неа. Благодарен сум му доживотно, а од друга страна би сакал никогаш да не мораше да ја напишам“,

Откако Бладимир Блажев се најде помеѓу неколкуте личности за Хуман поединец за 2021 година тој сподели и текст во кој што вели:

Сите промени во светот кои сакаме да ги видиме и постигнеме треба да започнат од нас самите.

Ова е само уште поголем мотив и одговорност за мене да продолжам несебично да помагам и давам таму каде што е најпотребно, исто како што даваше мојата мајка која е најзаслужна за хуманиот момент кој ми го пренела сосема природно.

На моите прашања за тоа зошто дава кога и она/ние самата нема одговорот секогаш беше ист: Буби мој они немаат воопшто, и они се луѓе, а ние ќе се снајдеме ќе протуркаме.

Хуманоста е дел од секоја индивидуа само треба да ја истакнеме без да се плашиме и споделиме со сите оние на кои им е потребна. Да се биде човек не е тешко, само треба да се сака.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *