Горан ги напуштил овие простори, заминал во Португалија и сега стана најдобриот пица мајстор

  • By klaster2
  • декември 27, 2022
  • 0
  • 136 Views

Сведоци сме дека од ден на ден се повеќе млади луѓе но и луѓе во поодминати години се решаваат да го напуштат роднонот огниште и да заминат надвор од него.

Ветени се западноевропските земји, како варијанта за подобар живот и егзистенција, подобри услови за просперитет и успех.

Во срцето на стариот дел на Порто, вториот по големина португалски град, во луксузна палата се натпреваруваа најдобрите пица мајстори на планетата.

На едно од најпрестижните натпревари во светот, Горан Абрамовиќ од Белград уште еднаш покажа дека е најдобар во тоа што го работи.

Горан стана светски првак летово во Неапол, на светскиот натпревар во изработка на „Наполитана“, а во Порто беше повикан уште еднаш да ги мери знаењето и умешноста со колегите.

Четиринаесет светски пица мајстори дојдоа во Португалија од Колумбија, Порторико, Австралија, Германија, Франција Америка…

Секој од натпреварувачите најпрво имаше задача да го подготви тестото, да ги купи потребните состојки и да ја запознае традицијата на виното.

Во жирито биле вклучени сите великани во правењето пица, а еден од нив бил дури и личниот готвач на Марадона, како и низа други признаети личности.

Токму помеѓу сите овие натпреварувачи Горан успеал повторно да издоминира и да победи, но неговиот пат до овде не бил лесен.

Тој бил приморан да го напушти родниот крај, бидејќи егизстенцијата не била доволна и тој морал да замине и да бара спас.

Токму во оваа земја од Пиринејскиот полуостров се згнездил и започнал со работа од најнизок степен и дошол до ова што е денес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *