Спенџарска: Заминав од државата и конечно ги разбирам сите кои се отселиле од Македонија

  • By klaster3
  • декември 26, 2022
  • 0
  • 173 Views

Впечатливата ТВ водителка Јелена Спенџарска изминатиов период буквално го живее животот од соништата. Сите што ја следат на социјалните мрежи може да го забележат тоа.

Така таа овојпат искористи прилика да сподели неколку клучни моменти од нејзиниот живот со фановите. Се осврна на изминатава 2022ра година и на се она што и се случило.

За мене оваа 2022 година беше година на остварување на три мои желби кои во себе знаев дека ќе ми се остварат, само не бев свесна дека ќе се случат во една иста година.

И уште поубаво така, се наеднаш. Ако треба да одберам еден збор кој ја одбележа годината тоа ќе биде трпение.

Едноставно пуштив животот да ме носи, си реков секако ќе ме однесе на преубави места, се познавам себе, знам што заслужувам.

Колку и да ви звучи сега нарцисоидно не е така вие сте си ваш најголем пријател или непријател, одберете мудро. Така да, ако си кажувате дека заслужувате се најдобро, така и ќе биде.

Заминав од државата, скоро цело лето не се прибрав. Најдобрата одлука отсекогаш, имав чувство дека ми станува претесно. И конечно ги разбирам сите кои се одселиле од МК и зошто.

Ги прошетав најубавите места, решив дека ќе живеам во моментот и животот стануваше се подобар и подобар. И секако кога најмалку очекуваш се случува љубовта за која сонуваш.

Буквално од нигде, еден убав сончев ден кога лежев на плажа го гледав зајдисонцето и си велев сакам повеќе од овие преубави моменти. Велат, внимавај што посакуваш, може и да се оствари.

Мојот прв дом, моето ново место, каде што јас си ги одредувам правилата. Правиш што сакаш, кога сакаш, си уредив се по свој вкус, си купив се што ми треба, си создадов свој мал свет во кој уживам секој ама секој ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *