Цеца: Не сум имала ниту еден маж кој мириса на запршка, кога ќе се сетам како изгледаат навистина не можам

  • By klaster3
  • мај 11, 2022
  • 0
  • 224 Views

Светлана Цеца Ражнатовиќ е можеби една од најпознатите вокали на балканскиот простор и пошироко и каде и да настапува ги полни арените ширум светот.

Според нејзините верувања денес секој може да се ожени, но дека е успех да се одржи бракот, а тоа не се постигнува со часови во кујна.

– Денеска секој може да стапи во брак, но важно е да се негува и одржува тој брак, а тоа секако не се прави со пржено месо и правење чорба – изјавила Цеца чија мајка ја научила на се, но признава дека тоа не се работи во кои ужива.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на популарното натпреварување „Ѕвезде Гранда“ во бела, атрактивна комбинација.

За оваа пригода облекла корсет од тантела, сако и шорцеви, а оваа комбинација на облека ја заокружила со бордо чизми. Она што привлече посебно внимание е скапата чанта од популарен бренд, која чини околу 3.500 евра.

– Денес изгледаш како топ во бело, дали тоа навестува нешто убаво? – се пошегуваа насобраните фоторепортери, на што таа со насмевка одговори дека се чувствува одлично.

Пејачката дошла одлично расположена, а со претставниците на медиумите сподели какви јадења сака да јаде и што често има на нејзиното мени.

– Познато е дека јас сум месојад. Сум јадела месо од различни диви животни. Единственото нешто што никогаш не можев да пробам беа полжавите, а кога ќе се сетам како изгледаат, навистина не можам.

Но пробав змии, зебри, ноеви, месо од ајкула, крокодили – изјави Ражнатовиќ за медиумите, па даде свое мислење дали подобри готвачи се мажи или жени.

– Не знам, овде се работи за љубов. Тоа се луѓе кои многу сакаат да го прават тоа и затоа сето тоа е толку вкусно. Но, не сум имала ниту еден маж кој мириса на запршка – изјави Цеца за „Блиц“.

Во една прилика и за себе си изјави дека за жената е важно прво да биде дама, според неа жената не мора да знае да готви за да биде домаќинка.

– Сакам да мирисам на добар парфем, а не на запршка. Тоа што некоја знае добро да обвива сарма и да зготви грав, не ги дефинира женските квалитети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *