И Никола Груевски имаше што да каже за црквата – се огласи од Будимпешта

  • By admin
  • мај 11, 2022
  • 0
  • 390 Views

Екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Позитивна вест е одлуката на Вселенската православна Цариградска патријаршија, предводена од патријархот Вартоломеј, која ја прими во канонско единство Македонската православна црква, свештенството и народот и со тоа заврши долгогодишниот неправеден период на т.н. “Шизма” (ра скол).

Слушнавме подробно за придобивките од истото како што се можноста за сослужување на пример.

Овој дел е доволен за оваа одлука да се смета за позитивна, напредок кон крајната цел и е вредна за честитки до поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, членовите на Синодот, свештените лица, верниците и секој кој помогнал во овој процес низ годините и децениите наназад.

Остануваат нерешени повеќе прашања и неизвесноста околу нив а пред се тоа е статусот кој би го добила МПЦ-ОА, имајќи во обзир дека децениска цел е да се добие она што го има секоја православна црква која има своја држава со мнозинско православно население, а тоа е автокефалност и добивање т.н. “Томос” за истото.

Доколку претходно неформално е договорен некаков патоказ до автокефалност со СПЦ и со Цариградската Патријаршија тоа веројатно ќе се случи во следните месеци или најдоцна една година.

Статусот на автономна или самостојна никогаш неможе да биде реална замена или уште помалку синоним на автокефалност.

Името Охридска Архиепископија секако дека има своја голема историска тежина и континуитет во древната и укината Охридска Архипескопија.

Нагласеното исклучување од името на се што е поврзано со зборот “Македонија” во одлуката објавена вчера создаде едно горко чуство кај сите кога се прими позитивната вест, но тоа е име со кое ќе не ословува Цариградската Патријаршија(евентуално и некоја друга црква во православниот свет засеганата од името “Македонија”) и МПЦ-ОА или другите цркви во православниот свет немаат никаква пречка, обврска или ограничување да го користат името кое и во овој момент го има нашата црква: МПЦ-ОА.

МПЦ-ОА нема никаква обврска да го менува своето име и покрај верниците, сите православни цркви кои така ќе одлучат, ќе можат да продолжат да ја именуваат како МПЦ-ОА.

Дополнително, познавајќи ги односите кој какво влијание има во Цариградската Патријаршија, во смисла на нашиот јужен сосед, се чини и дека не реално беше да се очекува истата да постапи поинаку.

Всушност јасно е дека не случајно МПЦ пред десетина години ја додаде Охридската Архиепископија во своето име, давајки со тоа можност за излезно решение на Цариградската Патриаршија при решение на спорот.

Покрај ова, не можеме да очекуваме дека она што во 2018 година владата го одстапи со договорот со Грција, сега би се корегирало преку одлуките на Цариградската патријаршија.

Сега е на потег СПЦ. Јас лично верувам дека после оваа одлука ним им е значително олеснета работата, крупен дел од проблемот им е решен и имајки го во предвид долгото не пријатно искуство на релација СПЦ-МПЦ-ОА

Долгогодишните добри политички односи меѓу Македонија и Србија и блискоста на народите во двете земји, како и можноста како во случајот со Украина во иднина Цариградската Патријаршија самата да додели автокефалност доколку повторно дојде до неправедно одолговлекување, СПЦ ќе покаже воља и подготвеност за прифаќање и признавање на нашата црква под името МПЦ-ОА и испраќање предлог до Цариградската Патријаршија за доделување на автокефалност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *