(ФОТО) Цел е на татка си – Венко Филипче го покажа синот Иво

  • By admin
  • март 29, 2022
  • 0
  • 692 Views

Човекот кој во изминатите години го гледавме постојано во јавноста полека на многумина започна да им недостига откако се повлече од јавната функција.

Станува збор за поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 ја завршил специјализацијата по неврохирургија.

Како што е познато Д-р Венко Филипче беше именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.

Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.

Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.

Поранешниот министер за здравство и угледен неврохирург, Венко Филипче откако остана без министерската функција сега се посвети на својата примерна професија.

Освен тоа Филипче сега има повеќе време и за своето семејство и саканите. Токму со синот синоќа го гледаше мечот Португалија и Македонија, а во пресрет на истиот на својот профил на фејсбук напиша.

Вечерва навиваме со син ми Иво. Знам дека одново ќе испишеме историја и силно верувам во нашите фудбалери. Македонската репрезентација е сплотена, силна, мотивирана како ниедна во светот и вечерва ќе го даде најдоброто од себе.

Само напред и храбро дечки, вечерва нема што да загубите! Ги освоивте срцата на Европа и светот и ја промовиравте државата како никој никогаш во минатото.

Вие станавте симбол за тоа како малите можат да ги победат големите. Верувам во вас, верувам во оваа репрезентација, одиме на светско првенство!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.