(ФОТО) Стево Пендаровски ја бодреше Македонија во друштво за мерак – меѓу нив и лик од К-15

  • By admin
  • март 29, 2022
  • 0
  • 351 Views

Нашиот национален тим загуби од Португалија (0-2) во Порто во рамки на финалниот бараж за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар и така не успеа да се пласира за првпат во историјата на светската фудбалска сцена.

Македонските „рисови“ ја импресионираа Европа со победата кај Италија во Палермо (0-1) и сите потајно се надеваа на ново чудо. Сепак, селекторот Сантош одлично ја имаше прочитано концепцијата и играта на Македонија и ги затвори сите обиди кон голот на Селекао.

Така, Португалија предовдена од Кристијано Роналдо повторно патува на светската сцена како еден од фаворитите за титулата, а човек на натпреварот против Македонија беше Бруно Фернандеш кој заврши како двоен стрелец.

Милевски изврши две замени од тимот во Палермо и им даде шанса на Елмас и Костадинов.

Италија беше победена, но тимот на Благоја Милевски немаше решение за Португалија. Меѓутоа, многу работи од овој квалификациски циклус треба да ја радуваат македонската јавност.

Позитивните резултати против Италијанците и Германците се на прво место. Тие победи донесоа голема радост кај навивачите, но и значително ја зголемија самодовербата кај репрезентативците, кои заслужија секаков вид комплименти.

Овие мундијалски квалификации започнаа со несреќен пораз кај Романија. Потоа следуваа шест натпревари без негативен резултат. Серијата за македонските фудбалери донесе три победи и исто толку реми средби. Поразот на домашен терен од Германија беше прв чекор назад во борбата за Светското првенство.

Но, Македонија го положи испитот на последните два натпревари и запиша победи над Исланд и Ерменија, за историски подвиг и второ место во групата Ј.

Деновиве македонската јавност пулсираше во ду хот на фудбалот на нашата фудбалска селекција и се надеваше на пласман во Катар.

И покрај се по последниот свиреж на судијата Тејлор во Порто, честитки за нашите фудбалери пристигаат од сите страни, а меѓу нив и од претседателот Стево Пендаровски кој напиша:

Македонска гордост, херои, покажавте големина низ квалификациите за светското првенство.

Со пласманот на Европско ја испишавте историјата на македонскиот фудбал. Ве чекаме дома како победници, зашто победивте во идејата да се претставите најдобро. Успеавте да нè сплотите и да нѐ направите горди.

Од објавената фотка се гледа во кое друштво го следел мечот. Тоа се Васко Тодоров алијас Тошо Малерот од К-15, олимпиецот Шабан Трстена, малиот Јане Велковски, легендарниот коментатор Таско и водителот и шоумен Жарко еден на еден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *