По пауза од 3 години во Австралија пристига македонска фолк ѕвезда на голема туренеја

  • By admin
  • март 30, 2022
  • 0
  • 507 Views

Како што е познато Македонци во Австралија или Австралиски Македонци е едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци. Најголема имиграција на Македонците има за време на Грчката граѓанска во јна и Втората светска во јна.

Исто така голем број на миграции од Македонија во Австралија има во 60-тите и 70-тите години на 20[ти век.

На пописот од 2011 година, 40.222 жители на Австралија се наведени како родени во Република Македонија.

Вкупно 93.570 жители се изјасниле со македонско потекло, или сами или во комбинација со друго потекло. Во 2001 година, Македонија била 26-то најзастапено родно место во Австралија.

Поради ситуацијата со вирусот Австралија во изминатите години беше една од најзатворените држави во светот, но веќе пред извесен период полека започна да се отвара.

Токму Австралија беше една од омилените дестинации на македонските музичари каде што преавеа туренеи кои и донасаат солидна заработка.

Поради целата ситуација веќе подолго немало гостин од македонската естрада, ако се иземат оние кои што веќе од претходно живеат и работат таму.

Но затоа пак веќе пристигна најава дека ќе гостува една од најголемите македонски фолк ѕвезди во Австралија.

Станува збор за Анета Мицевска и групата Молика кои преку својот профил на фејсбук го најавија гостувањето во Австралија:

Почитувани фб пријатели ве известувам со огромна радост и задоволство дека по пауза од 3 години повторно ќе имаме турнеја во Австралија, во соработка со Македонското друштво “Јане Сандански “ од Мелбурн.

Нашите настапи се планирани за почеток на Октомври се до крај на Ноември 2022 год. За кратко време сите концерти ќе бидат објавени со точни датуми за сите градови.Се гледаме за брзо Австралија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *