(ФОТО) Филипче, Заев и Николовски во опуштено издание – видно насмеани

  • By klaster3
  • септември 17, 2022
  • 0
  • 189 Views

Човекот кој во изминатите години го гледавме постојано во јавноста полека на многумина започна да им недостига откако се повлече од јавната функција.

Станува збор за поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 ја завршил специјализацијата по неврохирургија.

Како што е познато Д-р Венко Филипче беше именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.

Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.

Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.

Поранешниот министер за здравство и угледен неврохирург, Венко Филипче откако остана без министерската функција сега се посвети на својата примерна професија.

Ретко е активен на социјалните мрежи, освен во исклучителна прилика кога сака да и се обрати на македонската јавност или пак да сподели некоја фотографија од приватни моменти со најблиските.

Не е тајна дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев се блиски пријатели. Неколкупати претходно споделија заеднички фотографии од патувања и прошетки.

Така и овојпат, д-р Филипче на социјалните мрежи сподели среќна фотографија заедно со екс-премиерот Зоран Заев и актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

Од фотографијата додека позираат може да се забележи нивната искрена, неизмерна среќа. Уште во првиот момент добија илјадници допаѓања и позитивни коментари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *