(ФОТО) Ирена Спасовска сподели како изгледа без шминка – нејзината природна убавина е сон за многумина

  • By klaster3
  • септември 18, 2022
  • 0
  • 213 Views

Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

На македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.

Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.

Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.

– На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлина некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.

Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација. Потоа тројцата заминаа по својот пат, а Ирена ѝ се посвети на музичката кариера, но веќе извесно време добро ѝ оди и на социјалните мрежи.

Ирена ужива да патува, а често посетува егзотични места за време на летото. На почетокот на летото Спасовска веќе беше на одмор.

Пејачите особено оние кои пеат фолк песни се најангажирани за време на летото, кога има најмногу свадбени прослави. Па така тогаш слободниот период Ирена реши да го помине во луксузната дестинација Хургада во Египет.

А неодамна сподели и за неа посебен ден – објави дека го слави својот роденден притоа посветувајќи си роденденска порака:

Животе убав си. Денов е мој. Пола век исполнет не само со години, туку со живот во годините. Фала ти господе.

Несомнено е дека Спасовска навистина добро изгледа за нејзините години бидејќи посветува внимание на себе, па сподели и како ја одржува младоликоста и убавото лице.

„Кожата памти кога добро ке се нахрани.Путер лице без шминка после третман- Дермоабразија. Масажа и колаген што продира низ порите и ја регенерира кожата.

Го потикнува колагенот и еластинот и ги измазнува брчките. Одличен е за измазнување и на лу зни. Лицето е огледало на душата.“, напиша Ирена на социјалните мрежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *